„Ова е проблем голем веројатно колку и климатските промени.“
Интервјуа со психијатар - Ана Лембки, и ко-основач и претседател на Центар за хумана технологија - Тристан Харис, забележуваат како компаниите зад социјалните мрежи користат механизми што ги имаме во мозокот за да нè навлечат, правејќи нè зависни од платформите кои се збогатуваат колку повеќе ги користиме.
Поврзани се со зголемена анксиозност, депресија, прекини во спиење, анти-социјално однесување, дури и можат да предвидат иден ризик од самоубиство кај тинејџерки. Што е науката зад сето тоа? Лембке вели,
„Социјалните мрежи се во основа начин да се издрогира човечката конекција. Сме еволуирале милиони години да сакаме да се поврземе со луѓе, затоа што тоа нè заштитува од предатори, за да користиме ресурси, да најдеме партнер. Еден од начините да се создадат тие конекции е да се ослободи допамин.“
Допамин е природната хемикалија за „чувствување добро“ што ни го буди внатрешниот систем за награди (се ослободува кога јадеме вкусна храна, имаме секс и - круцијално - кога користиме дрога што предизвикува зависност). Социјалните мрежи имитираат човечка конекција и предизвикуваат ослободување на допамин (кога добиваме лајкови и коментари). Лембке вели дека овој „бунар без дно“ каде што гледаме блескави светла, рангирања и убави слики од други луѓе, со минимален напор предизвикува мозокот да ослободува повеќе допамин отколку во типична „жива“ интеракција. Затоа и потенцијалот му е како на дрога.
Колку повеќе се активира оваа реакција на задоволство од социјалните мрежи, толку повеќе имаме потреба од неа. Репетитивноста ја прави помалку возбудлива, па на крај ни треба повеќе за да го добиеме истото задоволство што порано сме го добивале со помалку. Платформите функционираат исто, па влегуваме во нешто што се вика дефицит на допамин: помалку задоволство кога не ја користиме „дрогата“ што ни го качува допаминот, па стануваме понесреќни.
Можете и да забележите кога сте во состојба на дефицит, вели Лембки, кога скролате по социјалните мрежи и како да не можете да запрете. Не мора да значи дека чувството е добро, и не добивате задоволство од акцијата, но сепак скролате. Со дефицитот, состојбата е слична на депресија и анксиозност
Што е крив Фејсбук?
Наједноставното решение е: одлогирајте се. Но, Лембки истакнува дека самата природа на зависноста го прави ова многу тешко. Според Тристан Харис, ова оди малку подлабоко - не само што не можеме да се одлогираме затоа што сме станале зависни, туку ова е токму тоа што компанијата и го планирала.
„Не стануваш зависен случајно - така е дизајнирано,“ вели тој. „Колку имате платено за Фејсбук, Инстаграм или ТикТок минатиов месец? Ништо. А, како тие вредат трилиони долари? Не ги продаваат податоците, туку капацитетот да влијаат и да манипулираат со вашите мисли, верувања и однесување преку реклами. Сѐ додека сме ние производот, а не клиентот, нивниот бизнис модел се труди да го користиме што е можно почесто и подолго.“
Постојат примери на „хумана“ технологија што помагаат да се поврзе човек без високиот ризик. Според Харис, одличен пример е Фејстрајм. Нема опции за бескрајно скролање, не летаат емоџиња во аголот, или реал-тајм коментари. Ова е начин да се добие лице-во-лице конекција преку технологија и кога ќе завршиш, нема механизам што ќе се труди да те задржи таму заради профит. Наместо тоа, плаќаш за технологијата што ти го овозможува тоа, поточно - ти си муштерија што користи услуга - а не обратно.
Харис истакнува дека свет со помалку апликации за социјални мрежи би бил подобар. Иако знаат да имаат добри ефекти, според него, тоа не е свет во кој можеме безбедно да живееме во моментов.