После 52 години и два Оскари, бројни „мислења“ на медиумите за како треба или не треба да живее и да изгледа - Рене Зелвегер живее мирно. И на Харперс Базар им кажува дека формулата за избегнување на социјалните мрежи е,
„Не гледам во телефон, некогаш и до шест попладне.“
Се поставува прашањето, ако не тепала време на телефон, како ја поминала пандемијата?
„Бев надвор секој ден, градев и садев ствари. Природата си го прави своето, па војував со верверички. Ми копаа дупки каде што не треба.
Секој ден сум надвор со лопата и кофа. Па, се врткам внатре. Затоа што се стишуваш и стануваш креативен. Зафатеноста е непријател на креативноста.“
Зелвегер и претходно има зборувано за корисни паузи: се одмораше од Холивуд од 2010 до 2016. Во 2019, зборуваше со Пипл за одморот, објаснувајќи дека далеку од рефлекторите, научила дека „многу ѝ се допаѓа приватно да биде креативна.“
Истата година за друг медиум изјави дека морала да мисли на менталното здравје кога решила да паузира од актерство. „Не бев здрава и не се грижев за себе,“ кажа тогаш за Њујорк Магазин. „Си бев на последно место од листата на приоритети.“
Ова ја инспирирало да проба терапија, каде што добила помош да управува со емоциите кои ги чувствувала за време на повлекувањето од бизнисот.
„Тој препозна дека поминувам 99 проценти од времето како јавна личност, а микроскопска трошка на реалниот. Морав да немам што да правам во секој момент од денот, да не знам што ќе правам наредните две години. Сакав да дозволам случајности. Мораше да има тишина за да почнам да добивам идеи.
Имав добар петгодишен период кога се радував и имав ново поглавје за кое никој не беше ни свесен. И тоа време беше важно. Тоа е потивок живот и многу ми се допаѓа.“