Таг: социјални мрежи

Маркетингот на Рома е многу, многу јак

Просто и да не си навивач на овој италијански тим, луѓето кои им ги водат официјалните профили на социјалните мрежи прават да се смееш и на шеги на сметка на твојот омилен клуб.

Лајффејкер, кога мислењето на другите ви е поважно од сè

Лајффејкер е нов сајт кој за евтини пари нуди пакети со фотографии за постирање на социјални медиуми, кои ќе направат да изгледате како да имате супер интересен живот. Во понудата има пакети како „Гледај каде бев на одмор и плачи“, „Дури и моето маче / куче е посреќно од тебе“ или „Гледај што ручав“. Она што е најважно за Лајффејкер е дека е лажњак и сајт направен од стартапот за ментално здравје Санктус кој со проектот „сака да го нагласи нездравото однесување на социјални мрежи и нивното штетно влијание врз менталното здравје.“

Не е зависноста од смартфонот, пострашно е

Не е виновен смартфонот кој го имаме, ниту таблетот ниту пак лап-топот. Она што нè убива во поим е нашата потреба од повратни реакции и постојани микро-награди кои дотураат допамин во нашите - жедни за внимание -  мозочиња.   

#deletefacebook

Фејсбук нè искористува. Активно ги раздава нашите информации. Создава ехо комора во име на поврзувања. Го вади на површина она што нè разделува и ја уништува вистинската причина зошто воопшто почнавме да користиме социјални мрежи - човечки врски. Фејсбук е канцер.

Зошто нема да прочитате уште една сторија околу Сирија

Војната во Сирија почна со протести за менување на власта, па работите се влошија и се отвори воен фронт меѓу власта и опозицијата, па се појави ИСИС и работите станаа ужасни, па по седум години војна нема кој нема што не се вклучи, а ситуацијата, видеата и сликите од терен не се ништо помалку ужасни, само веќе никој не обрнува внимание, ниту пак се шокира.

Малиот човек Зукерберг

Марк Зукерберг е мал човек - 170 сантиметри, според Гугл, ама тоа не е општо познато, бидејќи единствените фотографии од него што се јавно достапни се внимателно направени за тој да изгледа повисок, според поранешниот автор на Вајард, Грем Стар. Откако ќе ги прочиташ забелешките на Стар на оваа тема, станува невозможно да ги гледаш фотографиите на основачот на Фејсбук без да ја забележиш вештината употребена во секоја фотографија за да се скрие тајната за неговата висина.

Човекот што 2 месеца вестите ги дознаваше од весник

И покрај тоа што комплетно се изолира од електронски извори на вести или нотификации од кој било вид, сепак информацијата за масакрот во Паркленд некако успева да се пробие до Фарад Манџу од Њујорк тајмс. Освен инцидентот тој успешно го завршува 2-месечниот целибат.

Вистината нема шанси со лагата

Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. За жал, она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи.

Стечајот на социјалните мрежи

Човештвото се опаметува, решава да ја врати својата евтино продадена слобода и се ослободува од „магијата“ што социјалните мрежи ја имаат фрлено врз нивниот живот и секојдневие. Без верници, боговите на интернетот полека пропаѓаат и стигнуваат до својот природен крај. Мрежите кои некогаш го изменуваа текот на историјата, се во пост-апокалиптични рушевини, а од нив е останат чат-пат по некој неонски знак кој исто така ситно брои. Никогаш!

Фејсбук станува претерано страшен

Во нешто што наликува на сценарио од следната сезона на Black Mirror откриено е дека Фејсбук знае како да те следи користејќи ја прашината на камерата на твојот смартфон.

Сè најлошо за твојот смартфон

Уредот што во текот на денот ти е повеќе време во рака отколку што било друго те оглупавува, те прави анти-социјален и е штетен за твоето здравје, се заклучоците од се поголемиот обем на научни докази дека дигиталните дистракции го оштетуваат нашиот мозок.

Зошто постираме?

Глобален антрополошки истражувачки проект за употребата и последиците на социјалните мрежи, чии наоди се често спротивни на стереотипните демонизирања на овие алатки.

Зошто лажните вести толку брзо се шират на Фејсбук

Прво, самите социјални мрежи се така склопени што овозможуваат вирално ширење лажни вести. Второ, луѓето што работат на ширење лажни вести одлично си ја знаат работата (несебично помогнати од самите социјални мрежи).

Алгоритмите како егзистенцијална закана

Нова книга на математичарката Кети О’Нил го анализира собирањето на големи количества податоци за политички цели, и објаснува како алгоритмите можат да се употребат како оружје против демократијата.

Како тиранијата на социјалните мрежи го менува интелектуалниот пејсаж

Дури и со години да имате само 12 пријатели на Фејсбук, и да не се занимавате секојдневно со Твитер, од време-на време ве совладува горчливо чувство - зошто голем број од нас се однесуваат како дигиталниот простор да е нивен феудален посед, правдајќи се со бранење некаква кауза?

Зошто сите на интернет сакаат да умрат?

Од 2016 наваму забележителен тренд на социјалните мрежи е да се бие шега со смрт, самоубиство и депресија. А ако е нешто „ин“, зошто ние би останале покусо?

Фејсбук ќе треба да и плаќа казни на Германија за тоа што некој бил идиот на Фејсбук

Од октомври годинава Фејсбук, Твитер, Гугл и други социјални медиуми можат да бидат казнети од Германија со глоба и до 50 милиони евра доколку на нив некој објави нешто навредливо, расистичко или слично.

Скролање до раб на лудило

Американската психолошка асоцијација дефинира една нова категорија "пациенти" кои ги нарекува "постојани проверувачи" (на пример на семафор вадиш мобилен за да провериш Твитер, или во редица на каса проверуваш меил), и проблемот со ова однесување е што во најголем број случаи му штети на вашето ментално здравје.

Кога интернетот ќе прежали погрешен човек

Кога ќе одекне вест за неочекувана смрт на некоја позната личност, социјалните мрежи инстантно се претвораат во книги на ужалени, а луѓето со статуси и твитови брзаат да му се приклучат на оплакувачкото глобално семејство. Во брзината страдаат невини лица што некогаш мора да се правдаат дека сепак се живи.

Уште еден медиум ги укина коментарите на сајт

Угледниот американски NPR се придружи на долгата листа сајтови кои ја укинаа можноста на читателите да коментираат под нивните статии. Откако пробуричкале во импозантните бројки, го сфатиле ноторниот факт дека целата бучава ја прават мала група луѓе; па ете им го ним Фејсбук да си вадат очи  (нагалено: дебатираат).  

Користа од бескрајното расправање по интернет

Почетното чувство е дека каква било дебата по социјални медиуми помага само за дополнително закоравување на ставовите, односно дека луѓето сакаат да кажат што мислат, а секое контрирање само им ги засилува ставовите.

Пола од бугарските клубови не знаат за Фејсбук

Ако барате некое инфо за фудбалските прволигаши од Бугарија, Марек Дупница и Хасково, освен Википедија, нема да ви излезе друго ништо. Тие немаат ниту веб сајт.

Тинејџерска рецензија на социјалните мрежи

19-годишен студент на Универзитетот Тексас, Остин, дава свое тинејџерско (за малку) мислење на социјалните медиуми што ги користи, и каков е неговиот став, и на тие што му се генерација, околу секој до нив.

Роналдо по стапките на Марк Закерберг

Откако си направи свои гаќи, фармерки, маици, копачки... и сè што можеше да се направи под неговиот бренд, Кристијано Роналдо реши да стартува и своја социјална мрежа.