Џорџ Мартин/ Џорџ РР Мартин
Кога во март почина човекот заслужен за појавата и звукот на Битлси, илјадници луѓе му оддадоа почит на сер Џорџ Мартин. Освен фановите на „Игра на троновите“, кои се трогнаа дека починал Џорџ РР Мартин. До толку што вториов мораше да се произнесе на темава.
„Џoрџ Мартин почина, од Битлси, не јас“, напиша писателот.
Дејвид Боуви/ Дејвид Зоуви
Налудничаво долгата листа на овогодишни заминувања на познати ликови ја започна Дејвид Боуви. Но за игнорантните омладинци Боуви беше некој престар за тие да го знаат, па паметот им отиде накај Дејвид Зоуви, кој има еден хит за себе. Младиот продуцент од Кент тврди дека бил именуван по Боуви, па дури и дека неговото прво име гласело „David Zowie Ziggy Stardust Aladdin Sane Thin White Duke Twig The Wonder Kid“, пред мајка му да реши да му го скрати.
Џеки Колинс/Џоан Колинс
На 81-годишна возраст, во септември почина писaтелката Џеки Колинс, која некои ја заменија со Џоан Колинс од „Династија“.
Ричард Атенбороу/ Дејвид Атенбороу
Маргарет Тачер/ Шер
Од каде па Шер? Од хаштаг, чии зборови се пишуваат споено па #nowthatchersdead некои го прочитаа како „now that Cher's dead“.
Робин Вилијамс/Роби Вилијамс
Нелсон Мандела/Морган Фримен
Јер двајцата црни. Нема друго.