Кристијано Роналдо реши да го копира Марк Закерберг и си направи социјална мрежа. Новиот проект на Португалецот е "Viva Ronaldo" и на овој интерактивен сајт неговите фанови ќе можат да контактираат помеѓу себе, но и со самиот Роналдо и да бидат во тек со најновите настани поврзани со нивниот идол.
Платформата е достапна и во вид на мобилна апликација, а Кристијано Роналдо вети дека и тој самиот ќе биде активен член. Членовите ќе можат да учествуваат во повеќе натпревари, а Роналдо ќе им дели награди.