Користа од бескрајното расправање по интернет

Почетното чувство е дека каква било дебата по социјални медиуми помага само за дополнително закоравување на ставовите, односно дека луѓето сакаат да кажат што мислат, а секое контрирање само им ги засилува ставовите.

Со ваквото сеприсутно искуство не се согласуваат истражувачите од два универзитета кои седнуваат да анализираат податоци од Пју истражувачкиот центар.

Во сите тие бројки тие се обидуваат да откријат дали луѓето го промениле своето мислење по онлајн интеракциите.

Она што го окриват е дека дури и кога луѓето не бараат нова информација или некој да ги убеди во нешто, многу е веројатно дека нивното мислење се променило:

"Ако човек наиде на спротивставена политичка дискусија додека е на социјални мрежи, тој или таа има повисока веројатност да доживее промена на политичкиот став или зголемена инволвираност во проблемот.

Исто така, и без спротивставена дискусија, ако корисникот на социјалните мрежи е мотивиран за информација (дојден е да најде нешто), тој или таа веројатно ќе искуси промена на политичкиот став или инволвираност во проблемот."

Вон ова, сличен став има и Џеси Сингал од Њујорк Маг, според кого веројатно е преувеличена теоријата дека луѓето одат на интернет да се расправаат само за да го потврдат сопствениот став и гледиште, "со самата подготвеност да се изложат себе си на туѓи мислења, дел од нив на крај завршуваат со менување на мислењето во еден или друг правец."

16 март 2016 - 11:59