Маркетингот на Рома е многу, многу јак

Просто и да не си навивач на овој италијански тим, луѓето кои им ги водат официјалните профили на социјалните мрежи прават да се смееш и на шеги на сметка на твојот омилен клуб.

Минатото лето во една берберница во Бостон влегол Раџа Наинголан, доскорешниот фудбалер на Рома кој премина во Интер. Римјаните во тој период беа на американска турнеја.

Белгиецот за 270 секунди на тројца случајни посетители им направил три фризури ирокеза.

Видеото објавено на Јутјуб собрале преку 1,7 милиони посети што е најдобар резултат од сите клубови и лиги во Европа. Интер на пример за 13 години ниту еднаш не стигнал ниту до милион прегледи на некое забавно видео надвор од случувањата на теренот.

***

Маркетингот на Рома е пример како треба да се работи таа сфера. Во 2011-та година клубот го купија четворица Американци од Бостон со италијански потекло и Рома стана прв клуб со странски сопственици во историјата на Серија А.

После една година претседател на клубот стана Џејмс Палота - сопственик на инвестициската Raptor Group. Компанијата има повеќе од 100 активности во спорт, во медиумите, во производи за здрава исхрана и технологија.

Меѓу нив е и Al Sense и Uber (го истиснува традиционалното такси и во 2020-та година ќе почне да тестира летечки автомобили).

И пазете, во 2011-та година Рома немала ни телевизиски канал, ни радио станица, ни сектор за маркетинг, немале ниту Фејсбук и Твитер официјални профили.

Денес за маркетингот на Римјаните знае цел свет.

„Чукнати“ профили и најдобар спортски сајт

За активностите надвор од теренот претседателот Џејмс Палота (горе на фото) одвоил 400.000 евра. Во 2016-та специјализираниот сајт SEAT Magazine направил рецензија на маркетингот на Рома:

„Рома ги преосмисли и рашири границите на возможното на клупскиот сајт“. Страницата asroma.com и на RomaTV кои секогаш имаат свези информации за клубот (Италијанците и други за 15 евра може да го гледаат овој канал во пакетот на Sky Calcio кој е партнер на клубот), ради станицата и интернет фан продавницата за реквизите, се појавиле со доаѓањето на Палота.

Во 2017 asroma.com ја добил престижната награда Interactive Media Awards која што секоја година го прогласува најдобриот сајт на светот. Интересно сајтот на Рома станал единствен фудбалски портал кој победил во номинацијата Best in Class во категорија спорт.

Плус тоа, Рома добила три други номинации Drum Content Awards: за содржина на социјалните мрежи како и две номинации за општа маркетинг стратегија. Таму не победиле но конкуренцијата била пеколна: IBM, CNN, ITV и MediaCom.

Маркетингот на Рома работи на принципот кој The Drum (најголем маркетинг сајт во Европа) го нарече „метод на целосно безумие“.

Има многу докази за тоа. На пример презентацијата на новиот играч Патрик Шик: во видеото се појавуваат Тоти, Кети Пери, лавови, шахисти и самиот чешки фудбалер Шик. Видеото на Твитер за брзо време го изгледале 847.000 луѓе:

Уште поапсурдно беше видеото за промоција на летното засилување Иван Маркано кој дојде од Порто. Тука луѓето од маркетинот на Рома се решиле за целосно црн екран:

Летово „волчицата“ го доведе и Брајан Кристанте од Аталанта. Неколку дена пред новиот играч да потпише, Твитерот на Рома објави царски твит:

Потоа закачи фотошоп од фудбалерот во дрес на Рома со официјална објава дека е нивен играч. Овој твит имаше 19.700 ретвита односно двојно повеќе од многу нивни официјални видеа: 

Направија зафрканција и со нивниот дизајнер на сметка на новиот трансфер:

Твитер администраторите на профилот на Рома се мајтапат и на сметка на туѓи трансфери. Во мај објавија дека наводно од Кристал Палас доаѓа Демјен Дилејни а потоа радосно објавија за негово враќање во ирскиот Корк Сити.

Дилејни ај што никогаш не играл за Рома, туку никогаш не играл ни против кој било италијански клуб. Ни фудбалерот ни тифозите не фаќале за што се работи, а мангупите подоцна „откриле“ неверојатна теорија дека „прадедо му на Демјен на времето давал голови за Рома“.

Летово Барселона буквално пред нос на Рома и го зема Бразилецот Малком кој на аеродром во Рим го чекале стотици тифози, но неговиот менаџер на крај се договорил со Барса.

За време на летната турнеја на Каталонците, пре еден меч Твитерот на Рома го објавил составот на Барса со празно место каде треба да стои името на Малком:

Американските газди на Рома почнале од апсолутна нула а сега Рома има повеќе од 13 милиони следбеници на социјалните мрежи, прв акаунт во светот на фудбалот на Pinterest (таму имаат 42.000 прегледи во еден месец), први се што направија акаунт на iTunes и Linkedin. Имаат и најпопуларен фудбалски канал на Giphy.com. Имаат вкупно 640,4 милиони прегледи на сите профили на социјалните мрежи, далеку повеќе од Реал и Барселона.

Признаен бренд

Новата Рома не растура само на интернет. Тимот околу претседателот Палота го редизајнираше и амблемот на клубот: наместо класичната крилатица ASR се појави конкретно Roma. Навивачите бурно протестирале, но Палота не обрнал внимание затоа што знаел каква му е целта:

„Никој не знае што е тоа ASR. Кој спорт е тоа - пливање? Нам ни треба јак и надалеку познат бренд“, рекол Палота кој не зборува италијански, туку англиски.

Во 2012 Римјаните потпишале договор со Walt Disney World во Орландо. Мики Маус, Гуфи (Шиљо) и другите херои во Дизниленд биле облечени во боите на рома “џалороси“ (жолто-црвени). Рома неколку пати го посетуваше Орландо за време на Shootout Memorial Day - најголем фудбалски турнир во САД кој трае 3 дена, има 660 екипи и 1.100 меча). На овој мега турнир учествуваат не само деца од Америка кои се занимаваат со сокер, туку и најголемиот клуб кој некогаш го виделе во живо - Рома.

Римскиот клуб веќе ги собира симпатиите ширум САД. Ориентацијата на овој пазар е разбирлива: поголем дел од раководството на клубот се итало-Американци. Добро го знаат тамошниот пазар и сигурни се дека во САД има многу фудбалски таленти.

Рома во времето на легендарниот Сенси беше класичен италијански клуб. Семејството Сенси ја ценеше традицијата и конзервативно го водеше клубот (Силвио Сенси е еден од основачите на Рома). Тогаш клубот не се занимавал со новите откритија во почетната ера на интернетот.

Денес Рома живее сосема поинаку.

АГРЕСИВНА РАБОТА СО НАВИВАЧИТЕ

„Сите можат да станат дел од Рома“ е слоганот на фан базата. Клубот веќе има половина милион навивачи во Индонезија (244.000 следбеници од оваа земја на двете фан страни на Фејсбук - повеќе од Реал и Барса), 800.000 симпатизери од Саудиска Арабија и по неколку илјади во големите градови во САД.

Клупскиот кол-центар на Рома се наоѓа на стадионот „Олимпико“ и таму се продаваат карти за секој нареден меч.

Маркетинг службата дошла до идеја еден од играчите да зборува со навивачите кои се јавуваат. Сезонава клубот продал повеќе од 22.000 сезонски карти за Серија А (во 2010/2011 продале 18.000). За натпреварите од Лига на шампиони сезонава Рома веќе продала 28.000 пакет влезници за групната фаза.

Просечната посетеност на стадионот од 2011-та па до денес скокнала за 2.000 гледачи, а во сезоната 2014/2015 се продале околу 40.000 сезонски карти. Тогаш Рома беше лидер во првенството.

НОВ СТАДИОН

Во 2020 година Рома ќе се пресели на новиот „Стадио дела Рома“, модерна арена која ќе потсеќа на Колосеумот. 

Проектот за новиот стадион беше претставен пред неколку години. Претседателот Џејмс Палота се соочил со толку многу пречки во римската бирократија што едно време размислувал да го продаде клубот. Секој месец Палота губи по милион евра на голем тим стручњаци кои го проектирале стадионот, работат околу неговата изградба и за сајтот на арената.

„Стадио дела Рома“ досега го чини Палота околу 12 милиони евра годишно а уште не е готов. 

„Сопствен стадион е единствениот пат кон тоа да станеме глобален бренд“, вели Џејмс Палота. Тој е уверен дека новиот стадион кој ќе собира околу 52.000 гледачи ќе значи и застанување рамо до рамо со Јувентус.