Според истражувањето на Insideworldfootball, половина од бугарските фудбалски клубови кои играат во прва лига се однесуваат како пред 20 години.
Литекс Ловеч, Локомотив Софија, Славија Софија, Лерно Море, Марек Дупница и Хасково не користат ниту една од социјалните мрежи, а последните два клуба уште немаат отворено ниту веб сајтови.
Лидер во овие бројки е ЦСКА Софија со скоро 300.000 фанови на Фејсбук, како и 3442 следбеници на Твитер. Но тие не користат Јутјуб и Инстаграм.
Лудогорец кој четири години по ред е шампион на Бугарија и кој оваа сезона направи историски чекор откако се пласираше во Лига на шампиони, нема официјален Твитер профил, а ниту Гугл +, Јутјуб и Инстаграм.
Во ера кога доминираат електронските медиуми и социјалните мрежи, потенцијалот максимално им го користи Берое Стара Загора, клуб кој не е меѓу водечките и најпознатите во Бугарија.