Во новата епизода, Копа 90 раскажува за најтрофејниот бугарски клуб ЦСКА Софија, кој поради лошото раководење за малку ќе згаснеше. Червените не добија лиценца за настап во првата лига и решија да тргнат од нула. Сезоната 2015/2016 ја почнаа во третата лига, со целосно изменет состав и стручен штаб, но и со 15.000 гледачи секое коло на трибините. По првите 16 кола, ЦСКА има 16 победи, 65 дадени голови и само еден примен.