Како ЦСКА Софија влезе во историјата

Славниот бугарски тим стана првиот третолигаш кој успеал да влезе во финалето на националниот Куп, откако со вкупен резултат 4:0 го совладаа Берое од Стара Загора во полуфиналето.

ЦСКА Софија во првиот меч од полуфиналето на Купот го совлада Берое со 2:0, а реваншот синоќа во Софија се играл пред повеќе од 10.000 гледачи кои се сведоци на историскиот момент во кој еден третолигаш, во случајот најславниот бугарски тим влезе во финалето на Купот.
 
Напаѓачот Преслав Јорданов го отвори резултатот со еврогол во третата минута, а Николај Цветков ги постави конечните 2:0 четири минути пред крајот од мечот.
„Оваа победа е за половина Бугарија, за црвената половина на Бугарија. Горд сум на тоа што го направија момците пред нашите неверојатни навивачи“, изјави тренерот на ЦСКА, Христо Јанев по средбата на стадионот Булгарска Армија.
Во јуни минатата година Червените беа исфрлени во третата лига поради стечајот и финансиската криза во која западнаа. Тоа не беше проблем навивачите на 31-кратниот шампион на Бугарија и натаму верно да го следат тимот кој има две полуфиналиња на КЕШ (денес ЛШ).

ЦСКА во моментов е без пораз по 26. кола во третата лига. Дадоа 116 голови и веќе обезбедија пласман во втората лига за следната сезона.
 
Клубот од главниот град и натаму е најгледан, како на трибините, така и на екраните. Како 19-кратен освојувач на Купот, ЦСКА во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот Монтана - Литекс Ловеч. Мечот за пехарот ќе се игра на 25. мај на стадионот Васил Левски во Софија.
 
 
Навивачите на ЦСКА пред мечот протестираа пред бугарскиот фудбалски сојуз кого го обвинуваат дека има двојни аршини во однос на клубовите: