Таг: куп на бугарија

Колку јака завршница на бугарскиот Куп

Често нашата јавност е склона да се исмева со бугарскиот клупски фудбал, иако тој е милји пред нашиот. Стадионите им се пристојно исполнети, имаат редовни учесници во еврокупови, квалитетни странци, а завршницата на Купот секоја година им е многу интересна.

Како ЦСКА Софија влезе во историјата

Славниот бугарски тим стана првиот третолигаш кој успеал да влезе во финалето на националниот Куп, откако со вкупен резултат 4:0 го совладаа Берое од Стара Загора во полуфиналето.

Противникот на ЦСКА Софија во купот

Најтрофејниот бугарски клуб, ЦСКА Софија минува низ најтешка фаза во клупската историја. Откако поради долгови не добија лиценца за натпреварување во првата бугарска лига, Червените ќе играат фудбал во третата лига. Во купот за противник ќе го имаат тимот на Сарај.