Најтрофејниот бугарски клуб, ЦСКА Софија минува низ најтешка фаза во клупската историја. Откако поради долгови не добија лиценца за натпреварување во првата бугарска лига, Червените ќе играат фудбал во третата лига. Во купот за противник ќе го имаат тимот на Сарај.