Таг: трета лига

Автогол на годината во трета шкотска лига

Старите кладилничари сигурно го паметат Дамбартон, некогаш шкотски премиерлигаш, сега во тамошната трета лига. Во Европа викендов се зборува за овој клуб по смешниот автогол кој си го дадоа на мечот со Форфар дома. Пораз 0-1 по оваа комедија на голманот Ремсботом и стоперот МекГивер.

Зошто не е добро да си судија во трета лига

Затоа што нема ни ред ни поредок и никој не те штити. Колку и да донесеш погрешна судиска одлука не може некој од играчите да се дрзне и главата да ти ја користи како топка. Да, токму тоа се случи во Венецуела, по што логично судијата не се помрдна од земја. Додуше имаше двајца од тоа желките, ама интервенираа по два века, односно не ни интервенираа.

Селски фудбал во трета норвешка лига (се запали далековод)

Бекот на норвешки Селбак, Јонас Александер Олсен во обид да избие една топка во аут, опалил по жиците од далеководот па направил пиротехничко шоу. На крај неговиот тим изгубил 0:5 од Весфосен и сега има само 3 бода на 23 одиграни средби.

Парма се враќа на голема врата

Две години откако банкротираше и ја избркаа како партал во четвртата лига, Парма победи во ужасно напорниот бараж (5 меча) и обезбеди влез во Серија Б.

Најлудата интервенција на играч од одбрана

Сканторп Јунајтед славеше 3:2 против Брадфорд Сити на денешниот третолигашки меч во Англија, а херој на мечот беше еден од дефанзивците на домашниот тим кој во 92 минута изигруваше Супермен.

37 годишна левица која не е за фрлање

Давиде Москардели е Белгиец со 20 годишен стаж во фудбалот кој во дресот на италијанскиот третолигаш Арецо го постигна најубавиот погодок ова коло во Италија.

Избркајте го од фудбал и дајте му ја најмалата улога во театар

Следете го фудбалерот со број 20, кој до толку е глуп што ќе се обиде да изнуди фаул од судијата. Глумачка налудничавност како што не сме виделе до сега во фудбалот. Што очекуваше? Судијата да му досуди фаул, а тој сам на себе да си додели црвен картон? Инаку потоа ќе направи уште една глума, а на театралното паѓање ќе се приклучи уште еден негов соиграч.

Косовско третолигашко славје во вода

Фудбалерите на КФ Арберија од третата косовска лига го победија Лепенчи и триумфот го прославија во склад со временските услови.

На голманите во Чиле им чуваат грб

Можеби топката немаше да влезе во гол, ама тука си е тоа, да чува втора статива за секој случај.

Не плачи, нема да примите 11-ти гол

Фудбалер кој настапува во третата шпанска лига не може повеќе да го издржи резилот бидејќи неговиот тим Урака Б губи 10:0 од Линенсе. Ситуацијата на терен стигнува до таму што играчот пушта солзи и добива утеха од судијата.

Ривалдо од трета лига

Откако пред 5 дена роденденот на 44 годишниот Бразилец го одбележивме со ножичките вредни пласман во Лига на шампиони, викендов се најде јунак по име Хави Гомез кој го повтори голот во третата шпанска лига, ама од уште подалеку.

Фудбалот во Македонија се сака и во трета лига

Викендов имаше каубојско однесување на стадионот во Чаир, римско дерби без навивачи и полно Ел Класико со скоро 100.000 навивачи. Но рангот и квалитетот на фудбалот не е секогаш пресудни за интересот на публиката, а тоа се виде во Неготино.

Противникот на ЦСКА Софија во купот

Најтрофејниот бугарски клуб, ЦСКА Софија минува низ најтешка фаза во клупската историја. Откако поради долгови не добија лиценца за натпреварување во првата бугарска лига, Червените ќе играат фудбал во третата лига. Во купот за противник ќе го имаат тимот на Сарај.

Голманов да не ја играл 5+?

На дуел од третата аргентинска лига меѓу Комуникационес и Атланта, гостите славеа убедлива победа но триумфот остана во сенка на глупавата реакција на домашниот голман. Дали намерно си даде глуп автогол или не, проценете сами.

Погрешните потези на Реал со Одегард и падот на Зидан со Кастиља

Екипата предводена од некогашниот најдобар фудбалер на светот во јануари беше прва во Сегунда Б а сега заостанува 13 бодови зад лидерот. Кога на теренот бил малиот Мартин Одегард, Кастиља загубила 5 од 10 натпревари по што сега притисокот е врз Норвежанецот.

Пенал подарок на грчки начин

Добро е што некој го снимал третолигашкиот грчки меч меѓу Каламата и Ачаики, инаку ќе ја пропуштевме можноста да видиме како се суди пенал кога некој сам ќе се фаулира.

Германски фудбалер преживеа инфаркт и реши натпревар во 90 минута

Даниел Енгелбрехт го има најјуначкото срце и тој стана првиот фудбалер во Германија кој заигра со вграден дефибрилатор во градите.