Таг: цска софија

Противникот на ЦСКА Софија во купот

Најтрофејниот бугарски клуб, ЦСКА Софија минува низ најтешка фаза во клупската историја. Откако поради долгови не добија лиценца за натпреварување во првата бугарска лига, Червените ќе играат фудбал во третата лига. Во купот за противник ќе го имаат тимот на Сарај.

ЦСКА и Локомотив Софија одат во аматери

Тоа е конечното решение на Апелационата комисија за издавање лиценци на Фудбалската федерација на Бугарија, која не им издаде дозволи за натпреварување во Прва лига на двете екипи од главниот град на Бугарија.

Пола од бугарските клубови не знаат за Фејсбук

Ако барате некое инфо за фудбалските прволигаши од Бугарија, Марек Дупница и Хасково, освен Википедија, нема да ви излезе друго ништо. Тие немаат ниту веб сајт.

Дајте го дресот, не сте му достојни

31-кратниот првак на Бугарија е во длабока криза. На последните 7 меча, ЦСКА Софија има 5 порази и 2 нерешени без ниту еден даден гол (10:0). Поразот во градското дерби од Локомотив ги разгневи навивачите кои од играчите бараа да ги соблечат дресовите, а посебно му се намерачија на Бразилецот Тони Силва.

ЦСКА е должна како Грција, бара помош од навивачите

Бугарскиот фудбалски гигант се соочува со преселба во најнизок ранг, доколку не ги исплати долговите кон другите клубови и поранешни играчи. Главен проблем е лиценцата, која бугарскиот сојуз не им ја издава додека не ги подмират долговите.

Не е сееднo

По сценариото на една позната реклама од соседството, навивач на Левски залута на трибината на ЦСКА и истата ја напушти натепан и соблечен до гола кожа.

Новите газди на ЦСКА Софија ќе воведуваат „Селари кап“

Најпознатиот бугарски фудбалски клуб кој се соочува со големи финансиски проблеми поради кои мораше да го откаже учеството во Лигата на Европа ќе ги крати платите на сите членови во екипата за да се спаси од кризата.