Според пишувањата на бугарските медиуми ЦСКА Софија има нерегулиран долг од 5,6 милиони евра, а Софија должи 500.000 евра по што и двете екипи нема да добијат лиценца за прволигашко натпреварување и од наредната сезона ќе можат да бидат дел само од аматерските лиги.
Откако на 30 јуни ќе им истече старата лиценца, градските ривали од Софија ќе останат без своите играчи кои практично го губат професионалниот статус на фудбалери и како слободни агенти ќе може да си бараат нови клубови.
ЦСКА Софија која е 31 кратен првак на Бугарија, во 60-тите и 80-тите во два наврати стигна до полуфинале во Лигата на шампионите. Играч, а потоа кус период и тренер на најтрофејниот бугарски клуб беше легендарниот Христо Стоичков.
За Локомотив Софија казната е двојна бидејќи како третопласирана екипа ќе можеше да се натпреварува во Лигата на Европа. На нивно место во второто по ранг клупско европско натпреварување ќе биде Литекс, а таму се уште и Черно Море и Берое.
Единствениот бугарски претставник во Лигата на шампионите ќе биде Лудогорец.