Не е сееднo

По сценариото на една позната реклама од соседството, навивач на Левски залута на трибината на ЦСКА и истата ја напушти натепан и соблечен до гола кожа.

ЦСКА Софија во вторникот гостуваше во Пловдив кај екипата на Ботев во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Бобан Грнчаров, а освен победата на домаќините од 2:1, овој натпревар го одбележа и една случка на трибината кај гостинските навивачи.

Ултрасите на ЦСКА за време на натпреварот забележале дека еден навивач во гостинскиот сектор се однесува сомнително. Некој го познал дека тој е навивач на најголемиот ривал Левски, но тој негирал.

Сепак бил издаден од неговиот телефон на кој имало слики од Левски, па навивачот кој сакал да шпионира или пак да украде транспарент си доби казна.

Несреќниот навивач на Левски доби неколку удари и му беше дозволено да ја напушти трибината откако беше соблечен гол.

6 декември 2013 - 09:34