Лудогорец не играше против славната ЦСКА Софија која тежи 31 титула и 21 Куп трофеј, туку против ЦСКА 1948, која постои само 7 години.
Се работи за клуб формиран од навивачи на ЦСКА Софија, незадоволни од тоа како нафтениот тајкун Гриша Ганчев го води бугарскиот гигант.
Новата ЦСКА брзо прогресираше во фудбалскиот систем и котира на третата позиција во домашното првенство. Успеа да стигне и до финале кое го загуби од Лудогорец со 3:1.
На стадионот Васил Левски штама. Атмосфера во финале на кое мислиш има уште 2-3 часа до стартот.
Едни велат дека нема ни 2.000 публика.
🇧🇬🏆 Today’s Bulgarian Cup final between CSKA 1948 and Ludogorets at the National Stadium Vasil Levski in Sofia has set a record for the least attended final with less than 2,000 people present in the stands pic.twitter.com/z8v5zvjxAA
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) May 24, 2023
Други дека има помалку од 1.000.
Трети дека има точно 1.000.