Рома игра неверојатно ефикасен фудбал под водство на Жозе Мурињо. Екипата меле на сите фронтови. Во Серија А имаат 3/3 со гол разлика 9:2 и се први на табела. Синоќа во ЛК ја торпедираа ЦСКА Софија со 5:1. Два гола даде капитенот Лоренцо Пелегрини од кои првиот беше права убавина.