World od Ultras е еден од најпознатите канали на Јутјуб што се однесува до тифо сцената во Европа и го посетуваат над 200.000 навивачи. За 2015 година изгласаа 10 најатрактивни кореографии изведени со бакљи.
За број 1 пиротехнички спектакл направен минатата година го прогласија оној на навивачите на шведскиот прволигаш Јургорден. Второто место им припадна на навивачите на италијанскиот второлигаш Авелино кој ги пофаливме вчера за овој гест.
И покрај тоа што ретко ги има во елитата, тие може да учат многу навивачки групи од Серија А за тоа како се навива и бодри својот тим. Второто место го освоија со кореографија од мечот против Болоња одигра на 29 мај.
Бакљите се препознатлив белег за ултрасите од балканските простори кои често ги гледаме во Белград, Софија, Солун, Атина, а порано многу повеќе ги имаше и на Градски. Уживајте.