Таг: бакљи

Само Турците честитаат вака роденден на тренинг

Второлигашот Бурсаспор слави 57 години од своето постоење и 10 години од единствената шампионска титула. Торта со свеќи? Која торта бе, стадионот го запалија.

А на денешното пленарно заседание на Собранието ќе запалиме бакљи

Ерменски парламент. Арарат Мирзојан од блокот Јелк и Лена Назарјан, негова сопартијка, запалија бакљи среде говорница, во знак на протест кон нивните политички противници.

Ова е дело на босански ултраси?

Не дека многу ја следиме фудбалска сцена во БиХ, ама и покрај тоа не веруваме дека вакво нешто се случило до сега. Се работи за навивачката група на актуелниот првак Зрински од Мостар која слави 25 години постоење. Ова е нестварно славје за таков кутар фудбал сличен на нашиот. Да не знае човек ќе мисли дека ова се германски ултраси.

Навивачи vs полиција 1:0

Полиција врши претрес на навивач кој наводно крие бакљи. Другиве го прават она кое ние го правевме кога Шаќири се местеше на корна или кога Барди изведува слободен. На крајот победуваат навивачите и им прават шоу на џандарите ин јор фејс.

Газди на гостински терен во ЛШ

Ако некои навивачи имаат изгорено најмногу бакљи на стадион, тоа сигурно се ултрасите на Легија Варшава. Овде ако нема кајрон, некој ќе помисли дека се дома, а не во Словачка на стадионот на Спартак Трнава. Шоуто им се погоди, ама резултатот не. Во лпејоф за ЛШ одат Словаците со вкупен резултат од 2:1.

Бебето кое многу сака пиротехника и навивање

Од прозор на зграда близу стадионот на Сан Лоренцо, едно бебе во Аргентина уште на најрана возраст покажува што многу го прави весело.

Мајсторијата на Фелипе и бакљадата во Скопје

И покрај тоа што Вардар загуби убедливо и на вториот меч во Лига Европа, нивниот дебитантски гол во ова натпреварување ќе се памети долго. Хуан Фелипе на работ на шеснаесетникот реагираше како Тоти и Пирло. Убавина за око која МРТВ може слободно да ја смести на најавните шпици.

Како је добро видјети те опет во Полска

Хулиганските испади во Полска не прекинуваат. Последниот се случи изминатиов викенд на мечот меѓу Арка и Лехија Гдањск. Навивачите на двата клуба не се виделе цели пет години поради тоа што нивните екипи играа во различни лиги па дочекаа момент непрестано да се гаѓаат со бакљи, а трибините гореа.

Балканските навивачки групи држат лекции со пиротехнички шоуа

Црвена Ѕвезда, Левски Софија, ЦСКА Софија, Панатинаикос и Паок окупираат половина од топ 10 листата на најубави пиротехнички шоуа за минатата година.

Стока во гостинскиот сектор на Калдерон

„Навивачите“ на Бенфика на Висенте Калдерон во Мадрид фрлаа бакљи врз домашната публика и повредиле 2-годишно дете. Едно е сигурно, УЕФА нема да им прогледа низ прсти и Бенфика ја очекува драстична казна.