Законот кој беше изгласан во германскиот парламент им дава на компаниите фора од 24 часа да ги избришат сите постови што потпаѓаат во горната група на прекршоци. Компаниите имаат рок од дополнителни 7 дена за да ги проверат пораките кои се обележани како навредливи ама не се кривичен прекршок според германскиот закон.
Компаниите што нема да ги исполнат овие рокови ќе бидат казнети од 5 до 50 милиони евра.
Германија и добар дел од Западот ова го сфаќаат како дел од борбата против лажните вести и онлајн омразата. За друг подеднакво важен дел, ова е нарушување и потиснување на слободното изразување.
И Фејсбук беше критичен кон новиот закон, објаснувајќи дека тој нема да ги подобри напорите за справување со проблемот, и дека само ќе влијае на слободниот говор. Нивен дополнителен страв е дека Германија би можела да започне глобален тренд доколку законот се покаже како успешен.
Заради некои кадровски решенија низ историјата на земјата, Германија и до сега имаше стриктни закони што го регулираа јавното изразување. Па така негирањето на Холокаустот и поттикнување омраза кон малцинствата и до сега беше казниво со затвор.