Минатата недела АПА објавува студија според која Американците за прв пат во последните 10 години доживуваат "статистички значителен раст на стресот." Во јануари 57% од анкетираните (со секакви политички сфаќања), изјавиле дека политичката клима во САД е значителен извор на стрес.
Во вториот дел од студијата околу стресот АПА ја анализира улогата на технологијата, она што заклучуваат е дека користењето социјални медиуми од 7% во 2005, во 2015 пораснало на 65%. Кај групата на возраст од 18 до 29 години, скокот е од 12 на 90%.
Иако растот во користењето социјални медиуми не изненадил, она што ги извадило од памет истражувачите е дека 43% од Американците изјавиле дека постојано ги проверуваат своите мејлови, текст пораки и социјални медиуми. Резултат на ова е што постојаните проверувачи имале нивоа на стрес од 5,3 додека кај остатокот од Американците просекот бил 4,4.
Во хиерархијата на стресот, највисоко биле оние кои постојано го проверуваат мејлот од работа во слободните денови или слободното време, достигнувајќи оценка од 6.0.
Од групата постојани проверувачи 42% истакнале дека политичките и културолошките дискусии предизвикуваат стрес, а 35% изјавиле дека е помалку веројатно да минат време со семејството и децата заради социјалните медиуми.