Ако просечната спонзорирана фотка на нечиј профил во 2014 чинела 134 долари, во 2019 таа е порасната на 1.642 долари. Просекот е мерен во САД.
Кај блогирањето од просек од 7,4 долари за спонзориран блог пост во 2006, денес тоа е стигнато до 1.442 долари. Најголеми пари се вадат на Јутјуб, каде просекот од 420 долари во 2014 за спонзорирано видео на некој канал, денес цената е порасната на 6.700 долари.
Фејсбук статус на инфлуенсери е поскапен од 8 долари во 2014 на 395 долари во 2019, а твит кај „влијателен“ е скока од 29 на 422 долари, за истиот период.
Никако поврзано со извештајот и подемот на инфлуенсери (чиј ангажман оди на штета на парите што директно ги заработува од рекламирање, ама па е корисен на друг начин), Инстаграм периодов се повеќе ја тестира опцијата за укинување на бројот на лајкови под секоја фотка, нешто што не е баш со воодушевување примено од инфлуенсерите кои работат на погон од постови и лајкови.