Лидер меѓу спортистите е Кристијано Роналдо. Португалецот заработува околу 975.000 долари за секој објавен пост. Во општ рејтинг, повеќе од него заработуваат само американските модели Кајли Џенер (1,27 милиони долари за рекламен пост) и пеачката Ариана Гранде (996.000 долари од пост).
За луѓето кои сомневале во овие податоци, сајтот Hoppers има објаснување кое гласи дека:
1. Аналитичарите се поврзале со сопствениците на акаунтите или нивните менаџери и ги прашале за тоа колку чини рекламен пост;
2. Ги споредиле овие податоци со инсајдерски информации од „проверени извори“.
3. Аналитичарите на Hoppers не признаваат, но најверојатно користеле и второстепени параметри за да ја одредат цената на рекламен пост: количеството на потписници (фоловери), лајкови, коментари, демографија на аудиториум и нејзината маркетинг вредност, статус и влијание на Инстаграм.
Најскапо платени акаунти меѓу спортистите на Инстаграм:
1. Кристијано Роналдо, 975.000 долари за пост
2. Нејмар, 722.000 долари
3. Лионел Меси, 648.000 долари
4. Дејвид Бекам, 357.000 долари
5. Леброн Џејмс, 272.000 долари
6. Роналдињо, 256.000 долари
7. Герет Бејл, 218.000 долари
8. Златан Ибрахимовиќ, 200.000 долари
9. Вират Кохли (индиски крикет играч), 196.000 долари
10. Луис Суарез, 184.000 долари од пост
Но не е така едноставно, отиди кај Роналдо или Златан Ибрахимовиќ со милион долари и барај да ти постават пост за твојот роденден на Инстаграм. Во 99% од случаевите на Инстаграм се рекламни кампањи. На пример Кристијано Роналдо има договор со Nike, Tag Hauer и Armani. Договорот предвидува определено количество на објави на социјалните мрежи.