Моќта на социјалните мрежи е немерлива веќе и станува сѐ поголема додека ги храниме со информации за нашите животи. Затоа и не треба да нѐ чуди што веќе почнаа, меѓу другото, да се користат и за онлајн кражби.
Само 2021, 95000 луѓе пријавиле загуба поради измама на социјални мрежи, со вкупна вредност од 770 милиони долари:
„Повеќе од 1 во четворица што пријавиле губење пари поради измама, кажува дека почнало на социјалните мрежи со реклама, пост или порака,“ пишува во извештајот на американската комисија за трговија.
Податоците укажуваат на тоа дека социјалните мрежи им биле многу покорисни на измамниците од било кој друг пристап до луѓето. И ако мислите дека само „старци“ наседнуваат на вакви работи, размислете повторно: податоците покажуваат дека луѓе на возраст од 18 до 39 има два пати повеќе шанси да изгубат пари отколку повозрасните.
„За измамниците, има многу што да се сака на социјалните мрежи. Евтин начин им е да допрат до милијарди насекаде низ светот. Лесно е да измислат лажна персона, или да хакнат веќе постоечки профил за да ги насанкаат пријателите,“ продолжува извештајот, разложувајќи на кој сѐ начин се манипулира и кои се алатки се вградуваат во платформите.
Од мерките што можат да се преземат - може да се тргнат таргетирани реклами (ако дозволува платформата), ограничување кој може да ви ги гледа објавите и да му се јавиш на пријателот што апансас во порака ти нуди да купиш евтини брендирани наочари. Тоа, плус да се чувате од муабети за криптовалути.