Потребни состојки:
- сланина 150гр
- варена шунка 150гр
- ајдамер 150гр
- 3 зденки
- павлака за готвење
- 3 јајца
Постојат многу различни периоди во животот. Еден период оди све нагоре, друг оди надолу. Еднаш си хипер, другпат си депре. Дали е до самиот човек или пак до времето, не знам, само знам дека сите го поминуваме. Ја знаете онаа изрекана на англиски што е претставена со графикон од срце биење "If there are no ups and downs in your life it means you are dead". Ова мене ме води низ животот, а уште повеќе ме води љубовта кон храната.
Факт е, како се чувствувате, таква ќе биде и храната што ја готвите. Во мојот случај, јас готвам за да се дигнам. Тоа е мојот свет во кој уживам и ме прави среќна. За уште поголема да биде среќата, во неа мора да има сланина. Затоа денес овој рецепт или во превод, сланина секогаш дига!!! :)
Чекори за подготовка:
- Во еден сад изматете ги јајцата, додадете ја слатката павлака, отприлика 100мл, зденката на парчиња, ајдемерот на коцки и измешајте све заедно.
- Земете тава со калапи и почнете со редење. Прво сланината, па варената шунка, па смесата.
- Се пече во веќе загреана рерна на 180 степени околу 20-30 мин.
- Извадете ги и ставете ги во еден сад, наросете со пармезан и декорирајте со четвртинка шери домат. Мислам дека нема да се сопрете од јадење. Уживајте!