
Од Орегон стејт Универзитетот тврдат дека успеале да најдат замена за сланина која има идентично ист вкус како и сланина. Замената е - алга, која кога ќе ја испржиш го има истиот вкус како и она што всушност сакаш да го јадеш.
Алгата е од типот палмариа палмата, а научниците ни ја продаваат телешоп стил објаснувајќи дека "не само што е вкусна како сланина, туку е и поздрава од кел (има 2 пати поголема хранлива вредност)".
Изгледа како проѕирна црвена зелка, полна е со минерали, витамини и антиоксиданси (се' ти што паѓа на памет кога ќе помислиш на сланина), и цената и е 90 долари за 450 грама дива сушена алга.
Научниците сега работат на создавање на нејзина верзија која ќе може комерцијално да се одгледува.
До тогаш, нека трепка: