Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 парчиња замрзнато лиснато тесто
- 1 лажица маслиново масло
- 150гр. ситно сецкана сланина
- 100гр. фета сирење, издробено
- 4 јајца
- 2 лажици рендан пармезан
- рукола како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење.
Исечете го лиснатото тесто во форма на круг. Поставете го врз плехот за печење. Со остар нож направете засек околу тестото на 2 см. од ивицата, без да го исечете до крај. Со вилушка внимателно извадете го тестото во средината.
Тестотото вратете го во замрзнувач 10 минути за да се стегне.
Загрејте масло во тава на среден оган. Испржете ја сланината 5 минути додека да стане крцкава. Извадете ја врз чинија обложена со хартиена салфетка.
Исполнете ја вдлабнатината во секоја од четирите пити со фета сирење. Потоа поделете ја сланината. Печете ги питите 10 минути. Потоа внимателно скршете по едн јајце врз питите. Зачинете со сол и бибер и додадете рендан пармезан. Вратете ги во рерна и печете ги уште 10 минути.
Послужете ги питите со свежа салата од рукола.