1. Околу групирањето
Класификацијата на канцерогени на СЗО се одредува според тоа колку сме сигурни дека нешто предизвикува рак, а не колку е веројатно да предизвика рак.
Блумберг објаснува дека има пет нивоа на класификација според силината на доказите: агенти и активности кои 1. дефинитивно, 2. веројатно, 3. можно е да предизвикуваат рак; 4. оние кои веројатно не предизвикуваат рак; и 5. оние за кои доказите се недоволни.
2. Околу шансите за добивање рак од обработено месо
Според извештајот на кој се базира новата паника околу ракот, јадење 50 грама сланина на ден ги зголемува вашите шанси за заболување на рак од 0,064% на 0,072%. Во текот на животниот век, вашиот ризик од заболување од рак е околу 5%.
За споредба, кај луѓето што пушат 25 цигари на ден шансите за заболување од рак се зголемуваат за 24 пати (или 2400%).
3. Што спаѓа под преработено месо?
Секое месо што минува трансформација преку солење, ферментација, пушење, одлежување и останати процеси чија цел е подобрување на вкусот и конзервирањето на месото.
4. Експерти
И тие имаат проблем со класификацијата, бидејќи таа е базирана на силината на доказите, а не на нивото на ризик.
Два ризични фактори можат да бидат ставени во иста група, и покрај тоа што едниот го зголемува ризикот за три пати, а другиот за сосема малку. Тие можат да бидат исто класификувани дури и ако едниот предизвикува повеќе видови рак од другиот, и ако е закана за поголем дел од популацијата, и ако има предизвикува поголем број на случаи на рак.