Во нивната анализа тие прво собрале рецепти што одговараат на одреден опис - на пример - сендвич.
"Потоа го пресметавме просечниот рејтинг на тоа јадење, ако тој рецепт не го содржи зборот 'сланина.' Повторно почнавме да пребројуваме, ама овој пат само рецепти кои вклучуваа сланина. Резултатите беа доста солидни. Од сите видови храна што ги анализиравме, сланината најголемо подобрување им дава на сендвичите. Многу други јадење исто така имаа бенефит. Всушност, откривме дека кога ќе ги собереш податоците за сите рецепти, оние со сланина имаат далеку повисок рејтинг," објаснуваат од Вајард.
НПР решава дополнително да ги провери овие резултати, па ја ангажира Лада Адамик, информатичарка од Универзитетот Мичиген и Фејсбук. Таа изработува алгоритам за предвидување колку е успешен некој рецепт, врз основа на состојките кои се користени.
Лада прави анализа на рецептите од друг сајт, и ги добива истите резултатите како и Вајард. "Фактот дека рецептите со сланина имаат поголем рејтинг во два посебни сетови на податоци, ги прави овие резултатите веродостојни," пишува Лада.
Сепак, според Вајард има три полиња кои сланината не успева да ги освои, заради кои не може да ја добие титулата "магична храна." Тоа се: (нормално) вегетаријанците, пастата и десерти.
"Изгледа дека сланината е многу поголем утка отколку погодок кај пастата и десертот. Ова може да дојде како изненадување за љубителите на фетучини карборнара, меѓутоа веројатно нема да ги изненади оние што пробале сланина прекриена со чоколадо," пишува НПР.