Нова студија покажува дека исхрана во која ги намалуваш јагленхидратите во корист на мастите (вклучувајќи и заситени масти од месо или путер) дава подобри резултати (кај речиси сите здравствени параметри, плус помага во слабеење, не ги затнува артериите) отколку исхрана без или со малку масти.
Истражувачите од Тулејн Универзитетот ги споредиле диетите со многу масти и малку јагленхидрати, со режимот на исхрана со ограничен внес на масти што го препорачува Националната програма за едукација за холестерол.
Првата група морала да ги преполови јагленхидратите, и не смеела да избегнува путер, месо и сирење. Втората група била повеќе на јагленхидрати и смеела само 7% од вкупниот број калории да ги добива од заситени масти. Други правила немало, и смееле да јадат колку сакаат, без броење калории или прегладнување.
Една година подоцна тие што јаделе масти, а намалиле јагленхидрати ослабеле 3 пати повеќе од овие што ограничиле внес на масти (5,4 кг наспроти 1,8 кг), плус имале далеку подобри резултати на тестовите на крвта и тоа на тема триглицериди, ЛДЛ холестерол и ХДЛ холестерол.
Објаснувањето за тоа како јадење свинска кременадла може да биде подобро за човек отколку порција паста, се сведува на тоа дека различно ги обработуваме калориите.
"Кога јадеме јагленхидрати, тие во нашата крв се разлагаат на шеќери, истото важи и за интегралните житарици ама во многу помала мерка... Телото на ова одговара со хормонот инсулин, кој дополнителниот шеќер во крвта го претвора во масни киселини кои се складираат во телесните масти околу нашата половина...
По ова ни паѓа шеќерот во крвта, и телесните масти ги ослободуваат масните киселнии за да ги согорува како гориво. Телото продолжува да го сместува шеќерот во нашите масни клетки - со што се зголемува килажата - ама никогаш не ги согорува. Ова значи дека е поверојатно дека вишокот јагленхидрати, а не масти, не' прави дебели. Исхраната со малку јагленхидрати го прекинува овој круг, ограничувајќи ги нивоата на инсулин доволно за да го присили телото повторно да согорува масти," го пренесува Менс Журнал, објаснувањето на водечкиот истражувач за јагленхидрати на Охајо Стејт Универзитетот, Џеф Волек.
Што се однесува до холестеролите (добар и лош), се покажало дека исхрана богата со заситени масти (месо, путер...) го зголемува првиот, а го намалува вториот вид холестерол. Јагленхидратите го постигнуваат токму спротивното.