Децата се бомбардирани со порнографија

Изложеноста на децата на порнографија во Британија денес е поголема отколку пред две години, кога беше воведен Законот за безбедност на интернет. Првиот случаен контакт со порно го имаат уште пред да тргнат на училиште. Особено загрижува тоа што имаат пристап до сексуални содржини со насилство. Не ги бараат самите, туку им ги сервираат социјалните мрежи, најчесто X.

Законот за заштита на јавноста од содржини преку интернет во Британија воопшто не придонеле за да се блокира пристапот на деца до порно. Напротив. Нова анкета покажала дека малолетниците денес се многу повеќе изложени на порнографија отколку во 2023 година, кога беше усвоен законот.

Поголема ефикасност се очекува од новиот степен на заштита, воведен во јули, кој им налага на технолошките компаниите поригорозни проверки на возраста на корисниците пред да отворат содржини за возрасни.

Насилната порнографија е лесно достапна за децата. Изложеноста главно е случајна, често пати преку најчестите страници на социјалните медиуми, и влијае на однесувањето и верувањата на децата на длабоко загрижувачки начини, изјави Комесарката за деца, дамата Рејчел де Соуза.

Национално репрезентативната анкета кај 1.010 деца на возраст меѓу 16 и 21 година била спроведена во мај, пред да стапат во сила новите правила. Резултатите биле споредувани со слична анкета во 2023 година.

  • Повеќе од една четвртина (27%) изјавиле дека виделе порнографија преку интернет пред да наполнат 11 години.
  • Некои првиот случаен контакт го имале пред да наполнат 6 години.
  • 70% од младите рекле дека виделе порнографија пред да наполнат 18 години (во 2023 година 64%).
  • Просечната возраст на која децата првпат виделе порно останала 13 години.
  • Децата од ранливи категории – што добивале бесплатни училишни оброци, со поддршка од социјален работник, со посебни образовни потреби и со физичка или ментална попреченост – имале поголема веројатност да видат порнографија отколку нивните врсници.
  • Речиси половина од испитаниците (44%) се согласиле со изјавата „Девојките можеби на почетокот ќе речат не, но потоа можат да бидат убедени да имаат секс“. Тоа важи за 54% од девојчињата и 41% од момчињата што виделе порнографија на интернет. Меѓу оние што не виделе, 46% од девојчињата и 30% од момчињата се согласиле со ставот.
  • Анализа покажала дека мал број деца активно барале насилна или екстремна содржина, што значи дека во повеќето случаи им била сервирана.
  • Социјалните медиуми во 80% од случаите биле порта до порнографија. Најчестиот извор бил X.
  • Повеќето испитаници виделе содржини што не се легални според постојните закони за порнографија или ќе станат нелегални преку законот за криминал и полициско работење.
  • Повеќе од половина (58%) виделе порнографија на која е прикажано давење, 44% виделе секс на спиење, а 36% виделе однос на лица што не се согласувале или одбивале сексуален чин.

Во извештајот се изразува загриженост дека дури и според новите правила, децата ќе можат да ги заобиколат ограничувањата со преземање на виртуелна приватна мрежа (VPN), чие користење останува легално во Британија.

Извештајот препорачува онлајн порнографијата да ги исполнува истите барања како и офлајн порнографијата и пред се да биде забрането прикажување на давење. Од Министерството за образование се бара да им обезбеди на училиштата поддршка за новата наставна програма за врски, здравје и сексуално образование.

На национален план, новите мерки придонеле за намалување на посетите на најпопуларните порнографски страници. Фирмата за анализа на податоци Similarweb соопшти дека водечката страница за возрасни Pornhub изгубила повеќе од 1 милион посетители за само две недели, откако на 25 јули беше наложено да се отежни пристапот на малолетни корисници до експлицитен порнографски материјал. Сообраќајот на Порнхаб бил намален за 47% во периодот од 24 јули до 8 август.

20 август 2025 - 08:01