На дуелот од 1/16 финалето во мешани двојки на Австралија Опен, Кирјос играше со девојката Ајла Томљановиќ против Санија Мирза и Иван Додиг. И ништо не беше невообичаено до паузата помеѓу два гема кога му заѕвони мобилниот на Кирјос.
Тој комотно се јави, позборува и потоа го спушти телефонот како ништо да не се случило. Судијата го опомена поради тоа, а Кирјос кој го загуби мечот остана неказнет. И покрај тоа што во тенисот има строги правила и драстични казни, а забранети се дури и модерните рачни часовници кои можат да пренесат звучна порака, Кирјос остана неказнет.
„Се јавив, ама не беше ништо важно“, мртов ладен одговори Кирјос, кој додаде дека го барал некој близок другар.