КАКО СЕ ПОСТАВИ КИНА КОН НБА ПОСЛЕ ТВИТОТ НА МОРИ?
Прв од НБА светот се јави Канаѓанецот со кинеско потекло, Џозеф Цаи, ко-основач на Alibaba и од неодамна сопственик на Бруклин Нетс. Тој неодамна на Фејсбук објавил подолг пост со цело објаснување за Американците, зошто Кинезите се многу жестоки кога станува збор за Хонг Конг.
„Во што е проблемот кога луѓето слободно изразуваат мислење? Оваа слобода е неотуѓив дел од американската вредност, а НБА е многу прогресивна во однос на тоа што на играчите и другите вработени им дозволува да зборуваат отворено за проблемите.
Проблемот лежи во тоа што одредени теми се толку деликатни во некои земји, општества и заедници. Да се поддржува сепаратистичко движење на кинеска територија е еден од тие деликатни проблеми, не само за кинеската влада, туку за сите граѓани на Кина.“
Неговиот колега, сопственикот на Хјустон Рокитс, Тилман Ферит не сакал да зборува на тема Кина и Хонг Конг, но изјавил дека не планира да го избрка Дерил Мори.НБА исто така го поддржа Мори, но на почеток лигата пушти соопштение кое не се допаѓаше никому ни во Америка ни во Кина. „Сфаќаме дека ставот на Дерил навреди многу наши пријатели и навивачи во Кина“.
На крајот молкот го прекинал и самиот Мори:
„Не сакав мојот твит да ги навреди навивачите на Рокетс и моите пријатели од Кина. Изразив само одделна мисла, основана на одделна интерпретација за еден сложен настан. После тоа имав можност да видам и други точки на гледање. Секогаш ја ценам поддршката на кинеските навивачи и се надевам дека, оние кои се навредени, ќе сфатат дека недоразбирањето не било со умисла“.
Фактички отворено се извини само Џејмс Хаден кој еднаш или два пати оди во Кина со цел да снима реклами за неговите спонзори.
КАКВИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ НА СРУШЕНИОТ ОДНОС МЕЃУ КИНА И НБА?
Кинезите продолжуваат да бидат гневни на Мори, на Хјустон, на Америка и на НБА.
- Кинеските тв канали одлучиле да не ги пренесуваат предсезонските натпревари кои НБА франшизите ги играат во Кина, а се закануваат дека нема да пренесуваат регуларен дел на НБА кој почнува за две недели.
- Од кинеската верзија на сајтот Најк ги тргнале производите на Хјустон.
- Неизвесно е одигрувањето на мечот Лејкерс - Нетс во Шангај
- Откажан е хуманитарниот настан NBA Cares во Шангај.
- Кинеските медиуми го игнорираат Хјустон Рокетс.
Притоа НБА во Кина има многу повеќе следбеници од која било друга земја.
НИ ЈАО МИНГ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ИЗВАДИ РАБОТАТА
Јао Минг не беше првиот кинески кошаркар во НБА иако многумина така тврдат. Но во лигата пред него веќе играле Ван Жичжи и етничкиот монгол Менге Батир. Но Јао беше најпознат и најпрепознатлив.
Прво затоа што со раст од 229 см многу брзо стана највисок играч во лигата откако 231 см високиот Шон Бредли замина во пензија.
Второ Јао беше одличен кошаркар благодарение на што го избраа како прв пик на драфтот 2002 година. Првпат во историјата на НБА првиот пик бил играч кој не играл во американска школа или колеџ.
Јао целата НБА кариера ја помина во Хјустон. На 29 години веќе имаше неколку повреди и во плејофот 2009 година одигра 5 меча после што ја заврши кариерата.
Поради неговата репутација, тој 8 пати по ред играше на Ол Стар натпреварите (гласањето беше онлајн, така што пола Кина гласала за него и тој ги претркуваше по број на гласови Коби, Шекил и Леброн). После неколку години се врати во Кина и ја купи локалната екипа Шангај Шаркс која била пред банкрот.
Благодарение на Јао Минг, франшизата од Тексас стана „кинески клуб“. Се појавија многу тесни врски на Рокетс со азиските гиганти, кинеските спонзори вложуваа во Хјустон а клубот имаше многу навивачи. За Рокетс играше и последниот Кинез во НБА Жоу Ци.
Исто и во спротивна насока, многу играчи на Хјустон пред залезот на кариерата направија експанзија во Кина. Трејси Мекгрејди играше на кинескиот Ол Стар меч. Таму беа уште Шејн Батје кого во Кина го викале мистер президент, како и Луис Скола, Стив Френсис и Чак Хејс. Многумина од нив добиле и место во Кинеската кошаркарска федерација.
Покрај Хјустон, во Кина многу популарен бил и Коби Брајант благодарение на кого многу навивачи имале и Лејкерс.
НБА на социјалните мрежи во Кина има преку 180 милиони следбеници на Инстаграм, Фејсбук и Твитер. Твитер се договорил со Weibo за поставување екслузивен контент на кинескиот микроблогинг.
Според договорот со спонзорот Tencent, кој неодамна го продолжија до 2025 година, НБА годишно добивала по 300 милиони долари за правата на преноси во Кина. Но овој договор стапува на сила од почетокот на 2020-та година, така што во моменталната ситуација е неизвесен стартот.
Forbes го оценуваат пазарот на Кина во НБА на 4 милијарди долари. Ова значи дека секоја франшиза во НБА, во просек заработува по 133 милиони долари од соработка со кинеските навивачи, спонзори, телевизиски права.
Џое Цај во август го купи Бруклин Нетс од Прохоров со намера да го направи овој клуб лидер на азискиот пазар, иако и тоа сега е под знак прашање после твитот на Мори.
Неколку НБА суперѕвезди имаат силни договори со кинеските производители на опрема. Клеј Томпсон добива 9 милиони долари годишно од Anta, или милион долари помалку од новиот договор на Јанис Андетокумпо со Nike. Двејн Вејд кој скоро ја заврши кариерата, има договор со Li Ning вреден 12 милиони долари годишно и до ден денес овој договор е 8-от најскап кога е прашање бренд за опрема во НБА.
НБА има 25 маркетинг партнери во Кина, а повеќето од нив сега ја замрзнале соработката. Во Кина веќе се одиграа 26 предсезонски натпревари од НБА. 27 и 28 кои треба да ги играат Лејкерс и Нетс е планиран за четврток и сабота, но не се знае дали ќе се одржат.
Во канцелариите на НБА во Пекинг и Шангај работат преку 200 луѓе.
НБА и нејзините партнери имаат илјадници кошаркарски терени во разни провинции во Кина. Во оваа земја има четири официјални академиии на НБА. Програмата Џуниор-НБА, организира светски детски турнири. На неа се пријавуваат по 4 милиони ученици од Кина а потоа турнирот го гледаат пола милион гледачи.
Комесарот на НБА Адам Силвер побарал аудиенција кај Јао Минг кој сега работи како претседател на Кинеската кошаркарска федерација, со цел Американците да не го изгубат овој најголем пазар засекогаш. Но прито НБА не може да го суди Мори за неговиот испад, затоа што политичарите во САД, и демократите и Републиканците, ја напаѓаат НБА лигата дека поради договорите за пари со Кина, ја ограничуваат слободата на говор.