На 24 јули 2007-ма во рамките на ревијалниот турнир Премиер лига Азија трофеј, Ливерпул го совлада тимот на Јужна Кина со 1-3. Рисе, Чаби Алонсо и Даниел Агер дале гол за „црвените“, ама она што го направил Ли Хаиџианг од слободен удар е неправедно заборавено. Од 40 метри го шина Скот Карсон.