„Од Хонг Конг од Бејрут ништо не симболизира отпор како тенискиот рекет“, примети минатата недела репортерот Бен Ротенберг за работниот инструмент на Федерер, Ѓоковиќ, Надал, Серена Вилијамс и другите.
Иако тенис се игра само спорадично на помали турнири зошто големите се одложија, рекетот се покажа како мошне удобен за улични протести во 2020-та: лесен е, издржлив и одлично поткован за враќање на полициските солзавци и димни бомби.
Иако во најголемите протести годинава: против полициска бруталност во САД и за чесни избори во Белорусија тениските рекети не беа многу користени, во останатиот свет не проаѓа протест без нив.
Рекетот како оружје на граѓанскиот отпор не се појави во 2020-та. Уште во 2017-та се појавија кај противниците на режимот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Масовни протести и конституционална криза продолжи и пролетта и летово а во нив загинаа десетина луѓе. Мадуро остана на власт иако од минатата година ја оспоруваат неговата легитимност.
Во 2018-та тениски рекети користеа и учесници на конфликт од другата страна на Атлантикот: во комуната Нотр Дам Де Ланд на западот од Франција уште на почетокот на оваа деценија полицијата разбиваше кампови на еко-активисти кои се противеа таму да се гради аеродром.
Во јануари 2018-та властите се откажале од проектот аеродром, а во април пратиле полиција во тн. „Зона на одбрана“. За десетина дена полицијата употребила 11.000 димни бомби и солзавци, а после две недели државата решила да разговара со „сквотерите“ кои таму протестирале.
Пролетта годинава вечната геополитичка рана на границата меѓу Израел и Палестина исто се лекуваше со помош на ракети - но со рекети за плажа.
Палестински демонстрант враќа солзавец кон израелската војска:
Во Хонг Конг летото 2019-та исто така се користеа тениски рекети во протестите против законот за екстрадиција. Демонстрантите го добија своето: властите го повлекоа законот
Во ноември лани анти-владините протести во Хонг Конг примија нова форма - па така например после уличните судири со полицијата, демонстрантите се забарикадирале во Политехничкиот универзитет. Специјалците прво ги нападнале а после ги блокирале. Опсадата продолжила неколку недели.
Последно каде на анти-владини протести се користеа тениски рекети беше главниот град на Либија - Бејрут каде пред две недели се случи страшна експлозија на пристаништето.
Протестите предизвикани од политичка и економска криза почнаа ден после катастрофата и прераснаа во големи судири со полицијата и војската.
Lebanese protester sending a tear bomb back at riot police during #beirutprotests against corrupt government today. #بيروت
— Jean-Paul Salameh (@About_JeanPaul) August 9, 2020
📷: Sergio Keserwani pic.twitter.com/7PcUy3CqY9
Во Либија демонстрантите прво се обиделе да влезат во зградата на парламентот, почнале собир за организирање петиција за враќање под француски протекторат и барале оставка од претседателот Мишел Аун и премиерот Хасан Диаб (неговата оставка ја добија).