Таг: либија

Усул бе друже цариник

Либиските власти, во целиот тој хаос и војна што уште трае во земјата, уапсија двајца високи функционери од царина кои се обиделе да прошверцуваат над 26 тони злато од земјата.

Тенискиот рекет со кој се враќаат солзавци стана симбол на граѓански протести

Додека професионалниот тенис уште се надева дека годинава ќе се врати во нормален живот како што полека се вратија кошарката и фудбалот, тенискиот рекет се употребува ширум светот, но за други потреби.

Одмаздата на либискиот шверцер

Семејството на либиски шверцер на луѓе што беше убиен од мигранти, уби 30 мигранти како одмазда за својата загуба, објавија властите во земјата.

9 години по ослободувањето на Либија

На 17 февруари 2011 во Бенгази започнуваат протести против Гадафи кои подоцна ќе се рашират низ целата држава, ќе доведат до граѓанска војна, ќе привлечат странска воена интервенција, и како за крај ќе завршат со соборување и егзекуција на Гадафи. Само што, излезе дека тоа не беше крај.

Да си ги видите мртвите

Швајцарско-исландскиот уметник, Кристоф Бушел, доаѓа до потонат рибарски брод, го мкне до Венеција и го изложува на годишното биенале. Што баш тој брод? Ова е истиот рибарски брод кој во 2015-та потона заедно со 800 мигранти тргнати од Либија кон Европа.

Хафтар и битката за нафтеното богатство на Либија

Нафтените приходи на Либија и девизни резерви во странство, топтан во износ од околу 80 милијарди долари се контролирани од Триполи. Нафтените полиња на југот и западот од земјата се контролирани од генералот Калифа Хафтар. Овој вториов, заедно со својата армада, деновиве тргна да го обедини сето ова.

Борбата против ИСИС, или како да убиеш 70 терористи со авиони од 2 милијарди долари

Б-2 е еден од најневеројатните и најнапредни стратешки бомбардери на светот кој е создаван со цел да послужи во случај на нуклеарна војна со СССР. Дваесетина години од неговото воведување во служба, бомбардерот, кој заради цената е произведен во 21 примерок, доби задача да разбие збирштина од терористи сред пустелија.

Што прочитаа британските парламентарци за она што го направија во Либија?

Британскиот парламентарен совет со петгодишна дистанца го имаше обелоденето извештајот во кој конкретно се наведува она што на многумина им беше јасно уште во 2011 година: дека оправдувањата за интервенцијата беа булшит, а таа беше изведена на основа на погрешни претпоставки што ја дефинира како странска воена агресија врз таа јадна земја. Ќе читаме заедно британски официјални документи?

Милионите на Гадафи замрзнати во Белгија шараат по светот

Шест години по смртта на Гадафи неговиот замрзнат имот во Брисел носи камати од милиони долари. Она што не се знае е на кого точно му носи.

Како Британија му ги вршеше валканите работи на Гадафи

И покрај интервјуата со разузнавачи од САД и Британија, и информации добиени преку закон за слобода на информации, она што следува во најголем дел е откриено од разузнавачки документи пронајдени по револуцијата во Либија, расфрлани по владини канцеларии, затвори, приватни резиденции и канцелариите на либиското разузнавање, пишува Гардијан на темата за тоа како британската тајна служба од 2001 го одржува во живот и помага владеењето на Гадафи.

Либија некогаш копаше нафта, денеска бунари за вода

Некогаш беа најбогати луѓе во Африка и имаа бесплатно здравство и школство. Не само што немаа долгови кон странство, туку со стотици милијарди инвестираа и во западниот свет. Денеска жителите на главниот град на Либија ги кршат тротоарите за да бушат бунари и да дојдат до вода.

Италија и плаќа на Либија да лови мигранти на Медитеранот

Додека чека ЕУ да се договори сама со себе да направи нешто околу пипка-трепка правилата за мигранти (каде стапне мигрант таа држава станува одговорна за него), на Италија и стана јасно дека е полесно таа директно да се договори со Либија.

Бегалците што мораа да пијат дизел

Британски Лансет го потврди приказните со ужаси на бегалците, дека шверцерите на луѓе пред почетокот на патувањата со брод ги присилувале да пијат микс од дизел гориво и паразити за да бидат мирни за време на патувањето преку море.

По Сирија, Путин ѝ фрла око на Либија

Откако успеа да ја наметне својата улога и политичка воља во ситуацијата со Сирија, рускиот претседател се префрла на Либија. Новото одмерување мускули и нерви со Западот ќе се одвива по истите параметри: Запад протежира "демократска" влада обременета со многу исламистички елементи, Путин подржува милитаристички автократ, а во меѓувреме, ИСИС си грми.

Тајните масовни гробници на бегалската криза

Фуад Гамуди е првиот човек на мисијата на Доктори без граници во Тунис и Либија. Работа му е да ја учи крајбрежната стража и останатите како да помагаат во спасување луѓе и справување со лешови. Во изминатава деценија околу 20.000 бегалци се имаат удавено во Медитеранот, најголем дел од нивните лешови се појавуваат на брегот на овие две земји.

Никого не го интересира Либија

Поранешните сојузници на Западот и луѓето кои ја спасуваа Либија од Гадафи, ја внесоа земјата во комплетен хаос за кој сега никој во светов не е ни најмалку заинтересиран, порачува Амнести интернешнл.

Либија; се сврти кругот

Три години откако со сила беше урнат режимот на Гадафи, Либија е потоната во хаос, безвластие и крвопролевање а западните ментори на "демократските промени" панично бегаат од земјата.

Фудбалерките на Либија ќе пропуштат турнир поради тероризам

Иако по падот на Гадафи женската фудбалска селекција на Либија се понадева дека повеќе ќе се социјализира, тие се уште пропуштаат многу фудбалски натпреварувања поради закани од исламските екстремисти.

Што се случи во Бенгази?

По првичниот шок околу убиството на американскиот амбасадор во Либија (прво убиство на амбасадор од времето на Картер), целата приказна околу настанот се рашири во сите можни правци, од тоа дека нападот бил организиран, до тоа дека амбасадорот бил измачуван како Гадафи.

Филмот што ја збесна Либија

Со надеж дека живееме во порелаксирана држава од Либија, пуштаме дел од документарецот поради кој беше запален конзулатот на САД во Либија и убиен американскиот амасадор во земјата, Kристофер Стивенс, заедно со уште тројца службеници.