Бегалците што мораа да пијат дизел

Британски Лансет го потврди приказните со ужаси на бегалците, дека шверцерите на луѓе пред почетокот на патувањата со брод ги присилувале да пијат микс од дизел гориво и паразити за да бидат мирни за време на патувањето преку море.

Извештајот објавен во Лансет пишува за поголем број бегалци од Африка кои биле хоспитализирани на клиника во Минхен заради труење (hydrocarbon pneumonia) откако биле присилени да пијат дизел пред нивното патување од Либија до Италија. Освен ова, Лансет ги потврдува и сториите дека на бегалците им биле ставани инекции за да бидат мирни и да молчат за време на патувањето.

Хуманитарните агенции во Сицилија кои ги згрижуваат бегалците исто така ги потврдуваат извештаите објавени од журналот, кои се базираат и на медицинската историја на пациентите.

Дејли бист го пренесува сведоштвото на мигрант од Нигерија кој минатата година пристигнува во Европа. Тој раскажува за трудница која за време на патувањето била присилена во себе да стави импровизиран катетер со пластични црева затоа што се верува (погрешно) дека урина од трудница може да ги отруе мажите.

Затоа што на бродовите нема никаков тоалет или засебна просторија, секој нужда мора да се спроведе на лице место. Една од праксите на шверцерите е неколку дена да ги прегладнат и дехидрираат бегалците пред да ги качат на брод, со цел да ги спречат дигестивните процеси, а и за самите патници да се чувствуваат дека немаат сила за да не се преплашат и во паника да не го превртат бродот.

Давањето дизел и инекции кои ги прават подложни на паразити, исто така се прави во овие две цели: бегалците да се чувствуваат слаби и изнемоштени, и да не вршат нужда на бродовите.

Дополнителен проблем за бегалците е и што дел од нив паѓаат како жртви на трговијата со органи. Во април годинава на брегот на Александрија испливаа телата на 9 Сомалијци од кои хируршки биле извадени повеќе органи.

Од почетокот на 2016, само во Италија имаат пристигнато 168.000 мигранти. На оваа бројка има и дополнителни 4.600 луѓе што исчезнале по пат.

Трејлер од документарецот "Fire at sea":

 

22 ноември 2016 - 15:00