И во новата ситуација Запдот е надитрен од Путин, сметаат про-руски аналитичари. Се подржува владата на Националниот договор која едвај се држи заедно со заштита од "Либиската зора," една крајно сомнителна коалиција во која членуваат шарени ликови меѓу кои и поранешни џихадисти од Ал Каеда. Таквата заштита доаѓа со своја цена, бидејќи Зората полека ги узурпира легалните институции а тенката граѓанска обланда не успева да ја затскрие бруталната борба за превласт меѓу оние кои и онака меѓу себе делат многу малку заеднички елементи за тоа како Либија треба да изгледа.
Во таква ситуација, на истокот од Либија сè посилен станува побунетиот генерал Хафтар кој успева да го контролира делот од земјата од каде што доаѓа главната нафта. А Москва реши да игра на неговата карта.
Неодамна Русите му помогнаа на истокот да отпечати 4 милијарди - поткрепени со нафта - динари, и на тој начин да ја консолидира тамошната централна банка која е конкурент на онаа во Триполи.
На тој начин Путин му помага на Хафтар да гради паралелни институции кои се спротивставени на оние од западниот дел од земјата. Кога ќе се вклучи и воената моќ и нафтата, источните играчи на Путин стануваат сериозна сила која не само што може да контролира дел од земјата туку еден ден и да се прелее на запад.