Откако успеа да ја наметне својата улога и политичка воља во ситуацијата со Сирија, рускиот претседател се префрла на Либија. Новото одмерување мускули и нерви со Западот ќе се одвива по истите параметри: Запад протежира "демократска" влада обременета со многу исламистички елементи, Путин подржува милитаристички автократ, а во меѓувреме, ИСИС си грми.