Партнери на власта во Триполи се Обединетите нации и западните држави, партнери на Хафтар се Саудиска Арабија и Емиратите.
Иако Хафтар моментално контролира две-третини од територијата на земјата, конечното обединување на Либија под негова власт е нереалистично, па и покрај неговите напори веројатно крајниот исход ќе биде договорено примирје, во најдобар случај по негови услови.
„Правецот на муабетот е сменет. Сега се работи за давање поголема сила на Хафтар и убедување на другите страни да му се приклучат, дури и да не им се допаѓа бидејќи не би го сакале него како диктатор кој ќе владее со земјата
Хафтар сака да го сметаат за легитимен играч во либискиот конфликт, некој што ќе може да донесе стабилност а со тоа и да ја здобие довербата од меѓународната заедница... Па, за него, контролирањето на нафтата е инструмент, алатка што може да ја искористи за зголемување на својата легитимност. Тој може да отиде кај меѓународната заедница, посебно кај Западот, и да каже ’пази, тука јас ја контролирам нафтата а сепак не се обидувам независно да ја продавам. И понатаму оставам сè да биде како што е, сите договори се валидни и уште важат. Јас сум човек кој може да донесе стабилност во нафтениот сектор и нема да се обидам сам да ја продавам,’“ објаснува геополитичкиот аналитичар од Енерџи аспектс, Рикардо Фабијани.