Имало или немало протест?
Нормално дека имало протест. Како што имаше во Египет во вторникот и во Јемен и во Тунис во четвртокот, така цивили се собраа пред конзулатот на САД во Бенгази за да го искажат својот гнев околу трејлерот за филмот во кој се навредува муслиманскиот пророк Мухамед. По одредено време, група на тешко вооружени милитанти се мешаат со толпата и ја користат за да го нападнат конзулатот, прво со лесно оружје, а потоа и со ракетни фрлачи.
Дали конзулатот имаше обезбедување?
Да, ама немало контингент на Маринци како што има обезбедувањето на амбасадите. Таму е сместен само одреден број на лица задолжени за обезбедување (4 или 5), плус приватно либиско обезбедување. Овие сили не биле доволни за одбивање на нападот. Проблемот со слабото обезбедување е затоа што американците морале да ризикуваат и во знак на доверба, да им дозволат на локалните власти да го штитат конзулатот. Заради тоа и не можеле во конзулатот да испратат маринци да ги покријат сите дупки во обезбедувањето, како што тоа го прават во амбасадите.
Колку време траел нападот?
Борбата траела четири часа. Започнала во 10 часот навечер (по локално време) кога напаѓачите отвориле оган на конзулатот од лесно оружје. Потоа милитантите употребиле појако оружје и успеале да направат дупка во ѕидот на конзулатот со помош на ракетен фрлач и бомби. Димот од пожарот што настанал брзо ја наполнил зградата, додека Стивенс и другите двајца функционери се уште биле во неа.
Дали некој излегол?
Најмалку еден - најверојатно член на обезбедувањето - излегол и 45 минути подоцна се вратил со засилување за да ги спасат луѓето во конзулатот. До тогаш, еден од функционерите веќе починал гушејќи се од чадот. Стивенс се уште не бил пронајден. По некое време, со помош од локалната милиција, обезбедувањето успева да ја преземе контролата на главата зграда на конзулатот и да стигне до персоналот од 25 до 30 луѓе. И оваа зграда наскоро ја зафаќа пожар, и токму тука загинуваат и другите двајца Американци, еден поранешен член на морнаричките Фоки и еден од обезбедувањето на Стивенс. Смртта на Стивенс е потврдена дури следното утро. Либијците успеале да го однесат до една блиска болница, но тој починал од задушување со чад.
Дали ова значи дека Либијците не го сакаат САД во Бенгази?
Всушност, САД кој им помогна на бунтовниците да го соборат Гадафи има голема поддршка во источна Либија. Има поддршка од 68% споредено со 28% проценти за радикалните муслимани кои се првите осомничени за нападот. Голем број Либијци го величаат Стивенс кој беше врската на САД со привремениот национален совет за време на револуцијата.
Дали нападот бил организиран?
Нормално дека не, оваа беа граѓански протести кои беа искористени од радикалните муслимани, објаснува американскиот новинар Метју ВанДајк кој неколку месеци се бореше со либиските бунтовници, пред да биде уапсен од војската на Гадафи. Тој објаснува дека проблемот е во тоа што на само 2 часа возење од Бенгази во Зелените планини, има кампови на екстремисти, кои успеале да се организираат и да го искористат протестот за да ја нападнат амбасадата.