Таг: мито

Шампионите на Москва

Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.

Лисици за пола управа на Барселона - Бартомеу приведен за перење пари, мито и корупција

Проблемите во Барса продолжуваат. Утрото на 1. март во канцелариите на клубот на „Камп Ноу“ дошла полиција, а целото здание било опколено поради претрес.

Снимки на БиБиСи како во Африка се лапа мито пред натпревар

На само една недела до стартот на Мундијалот во Русија, африканскиот фудбал го стресе огромен корупциски скандал. Документарецот открива над 150 подмитувања на преку 100 судии и официјални лица. Еден се повлекол од Светското во Русија.

Како беше крадена Грција

Во исто време додека во Брисел добиваше признание од Европската организација за ретки болести, Новартис, една од најголемите светски фармацевтски компании, на другата страна од континентот го собра вниманието благодарејќи на длабоките врски што успева да ги создаде со грчката политичка елита, посебно со таа што моментално не е на власт.

Политичарите нема да ја средат корупцијата

Идејата дека чесни политичари ќе дојдат на власт и ќе ја решат корупцијата е толку стара што е  бајата. Таквите политики често завршуваат како фатете-го-лоповот пресметки со политичките противници. Во Бразил група ентузијасти состави софтвер кој ги мониторира трошоците на членови на нивниот парламент (патни трошоци, репрезентација и сл) и автоматски ја пресметува веројатноста дека лажат.

Ја мислев пијачка и кобасици, а оно 2 милиона долари

Поранешен руски министер за економија, обвинет за изудување поткуп, на судот рече дека се работело за обично недоразбирање што тоа има во заклучената торба која ја примил како подарок.

Офсајд ликови: Четворица судии од Малави

Кога ќе видите за колку пари се договориле да наместат натпревар и колку им останале, ќе ви падне жал за суспензијата и ќе посакате да ги вратат на терен. Ова го има само во Африка. Ама тоа не е сè, на крај не го ни наместиле мечот.

Петтиот смртен грев на англискиот селектор Сем Алардајс

Да заработуваш 3 милиони фунти годишно (да, за 12 месеци) плус бонуси и да си алчен за дополнителни 400.000 фунти мито и корупција значи дека веќе никогаш нема да имаш прилика да бидеш тренер на голем клуб. 

Ако си претседател, Саудиска Арабија може да ти подари 700 милиони долари

Десетици илјади граѓани на Малезија лани во август излегоа на улиците на Куала Лумпур барајќи одговор на прашањето како било можно близу 700 милиони долари од еден инвестициски фонд да завршат на личните сметки на нивниот претседател. Неколку месеца подоцна стигна одговорот кој допрва отвори нови прашања

Тежок кредибилитет професорски

Група активисти за заштита на околината позираат како група бизнисмени од секторот нафта и јаглен заинтересирани за заштита на профитот, за да покажат колку е лесно да натераш факултетски професор да каже што и да сакаш да каже. Не со виткање рака, туку со пари.

Афера на Блатер со 100 милиони долари

За време на истрагата за корупција во ФИФА, американското министерство за одбрана продолжува да наведува дека ќе ја лови најголемата птица без да го споменува неговото име, кое ќе се појави на БиБиСи.

Блатер попушти, извештајот за корупција ќе излезе на виделина

По многу натегања и медиумски притисок, Светската куќа на фудбалот конечно реши целосно да го објави извештајот за истрагата, кој треба да покаже дали и кој е корумпиран во изборот на следните два Мундијали.

Време е да се бојкотираат Мундијалите на ФИФА

Адвокатот од САД, Мајкл Гарсија ги истражуваше обвинувањата за корупција во ФИФА, но извештајот не му беше целосно објавен пред јавноста и тој си поднесе оставка. Порталот Soccerissue смета дека ФИФА повеќе не заслужува да организира Светско првенство.

Ал Тани не купувал гласови во ФИФА, туку ја зајакнувал кандидатурата за претседател

Светската куќа на фудбалот ја отфрли можноста за повторно гласање за домаќини на следните две Светски првенства.

Мито претешко за пребројување

Откако го апсат заменик директорот на Националната управа за енергетика (на Кина), властите почнуваат да му пребројуваат колку мито во готовина заплениле кај него дома. До крај на пописот им се расипуваат 4 машини за броење пари.

Катарците платиле мито за Светското првенство

Откриен е уште еден скандал за Светското првенство во 2022-та година. Поранешниот потпретседател на ФИФА примил 2 милиони долари мито од катарска компанија и тоа 2 недели откако Катар го доби Светското првенство.

Каде да криеш пари од мито, кинеска верзија

Во време кога сите ти бројат колку имаш (државата, партијата, соседите), проблемот со парите добиени за поткуп е како да ги скриеш од сите нив. На оваа тема "докторира" еден кинески функционер (сега веќе осуден на смрт), кој собирал мито од околу 30 илјади долари на ден.

115 милиони евра мито за ФИФА

Германскиот весник „Шпигел" откри дека маркетинг компанијата ISL им поделила мито во висина од 115 милиони евра на високи спортски функционери, помеѓу кои и поранешниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж.

Потпретседателот на ФИФА крадел од „донациите“

Во обидот да ја добијат организацијата на Светското првенство во 2022-та година, Австралија дели „донациии" на Карибите во 2010-та година, но не само што не ја добиваат нивната поддршка и Светското првенство го добива Катар, туку по 3 години се открива и дека парите завршиле во џебот на поранешниот потпретседател на ФИФА.

Официјален водич за подмитување владини функционери

 

Американската влада објави упатство за тоа што се може да прават американските компании во странство, а тоа на да се смета за корупција. Работи од типот - не е дозволено да му дадеш некому актовка полна со пари, ама па има и други начини како да го решиш тоа.

Сезона на бакни рака

Почетокот на учебната година во Кина, во исто време значи и почеток на сезоната на дарување на кинеските учители.