Се работи за Ма Џунфеи, поранешен заменик директор на Бирото за железници во Внатрешна Монголија. Човекот се проценува дека додека бил на позицијата собрал мито од околу 21,5 милиони долари во готовина и уште околу 40 килограми злато.
Ова мито тој го собира во рок од 22-месечен мандат, а според новинските извештаи парите не можел да ги смести во две куќи. (Во тамошни пари митото е околу 130 милиони кинески јуани.) Тој толку бил зафатен со земање мито, што најголемиот дел не ни стигнал да го потроши.
Пекинг Њуз ги објавува сите локации во домот на Ма каде што властите откриле пари:
- Под купишта ѓубре.
- Зад големо огледало.
- Во кутија за ориз.
- Во дупки во дрвата.
- Под плочките на кровот.
- Во таваните.
- Во езерцето за риби.
- Во постава од пантолони.
- Во резервоарот од септичката јама.
- Во устите на рибите во езерцето.