ФИФА е корумпирана до коска. Оставката на Мајкл Гарсија тоа го докажува уште еднаш. Американскиот адвокат кој ја водеше истрагата за начинот на кој беа одбрани земјите домаќини на Светските првенства 2018 и 2022, поднесе оставка од етичкиот комитет на ФИФА во знак на протест и изјави дека во врвот на ФИФА недостасува лидерство.
Во јуни, Транспаренси интернешнл објави дека “ако организацијата преку која тече фудбалот е корумпирана, сите губат“. Сепак, очигледно ФИФА не губи доволно пари за да направи промени.
Затоа нема ништо да се промени. Зошто да менува нешто кога седи на милијарди? Тоа е главниот проблем во борбата против корупцијата на ФИФА. Таа е финансиски силна. Ќе почне да го прави тоа кога ќе губи пари. Но кој може да направи ФИФА да губи пари?
Големите фудбалски асоцијации може да се заканат со отцепување од Мундијалите. Најголемиот дел од приходите на ФИФА доаѓаат од Светските првенства. Ако Франција, Германија, Англија, Шпанија, Холандија, САД и уште неколку фудбалски федерации се изјаснат и формираат свое Светско првенство, ФИФА ќе биде вознемирена.
Спонзорите Кока Кола, Виза, Хјундаи Мотор Груп, Јунгли Солар, Адидас може да се заканат дека ќе ја повлечат автоматската поддршка на Блатер, бидејќи тоа им го валка имиџот.
Медиумските компании кои ги откупуваат правата за Светското првенство може да кажат дека не сакаат да плаќаат многу пари за Мундијал во зима во корумпирана држава.
А вие. Само кажете дека не сакате повеќе да го гледате Светското првенство на ФИФА. Можеби е потребно потпишување на петиција против ФИФА за организација на Мундијалите 2018 и 2022. Можеби треба да напишете на вашиот профил на Твитер и Фејсбук дека ќе ги бојкотирате следните две светски првенства и спонзорите кои и даваат на ФИФА милиони секоја година.
Можеби тогаш ФИФА ќе почне да губи пари и да се менува.