Етичкиот комитет на ФИФА во својот извештај признал дека има низа загрижувачки настани и прекршоци во наддавањето за Мундијалите во 2018 и 2022 година, но немало доволно докази за одново да се отвори процесот на прегласување.
Со оваа одлука Русија и Катар се ослободени од обвиненија за корупција при доделувањето на следните два Мундијали.
„Во извештајот се идентификувани одредени појави кои биле прилагодени да го нарушат интегритетот на избирачкиот процес за Светските првенства 2018 и 2022. Но ефектите од овие појави во целина биле далеку од тоа повторно да се отвори гласање. За етичкиот комитет на ФИФА процесот на наддавање на СП 2018/2022 е затворен“, се вели во извештајот објавен на 42 страници.
Во јуни оваа година Сандеј Тајмс објави дека Мохамед бин Амам Ал Тани подмитувал членови на ФИФА со 5 милиони долари за да гласаат за Катар, но во извештајот стои дека со парите, членот на ФИФА само ја зајакнувал својата кандидатура за наследник на Сеп Блатер.
Случајот за СП Русија и Катар го водеше поранешниот американски сојузен обвинител Мајкл Гарсија кој на 5 септември на ФИФА им предаде извештај од 350 страници. Во едногодишната истрага интервјуирани се повеќе од 75 сведоци, а документацијата содржи 200.000 страници и аудио интервјуа.
Домаќините на следните два планетарните фудбалски собири беа обвинувани дека со помош на мито успеале да го победат останатите кандидати. Најголемата контроверзност околу Мундијалот во Катар беше одлуката да се игра Светско првенство во земја во која летно време температурите достигнуваат над 40 степени.