Мито претешко за пребројување

Откако го апсат заменик директорот на Националната управа за енергетика (на Кина), властите почнуваат да му пребројуваат колку мито во готовина заплениле кај него дома. До крај на пописот им се расипуваат 4 машини за броење пари.

Кај Веј Пенгјуан дома се најдени над 200 милиони јуани во готовина (околу 33 милини долари), и по кинески стандарди ова е најголемото запленување на готовина што до сега се случило во земјата (барем од комунистите па навака).

Според кинеските медиуми, за време на пребројување се расипале 4 од 16-те машини за броење пари, а за перцепција, кога готовината најдена кај Пенгјуан би била во банкноти од 100 јуани таа вкупно би тежела 2,2 тони.

Функционерот бил заменик директор на канцеларијата за јаглен во Националната управа за енергетика, која меѓу другото е одговорна за развој и реформи на енергетиката во земјата, планирање на макроекономската политика, одобрување проекти и слично.

На претходникот на Пенгјуан во септември му се судеше по иста основа. Тој беше фатен дека примил мито од 36 милиони јуани (5,8 милиони долари) од 5 компании.

1 ноември 2014 - 12:56