Австралија потроши 45 милиони австралиски долари за време на нивната кампања за добивање на правото за организација на Светското првенство во 2022-та година, а дел од оваа сума се и митото „донациите" кои тие ги делеа низ цел свет за да придобијат гласови.
Дел од овие донации се и 462.000 австралиски долари уплатени во банка на Карибите по состанокот со тогашниот потпретседател на ФИФА, Џек Ворнер. Парите биле наменети за доизградба на стадион во Тринидад и Тобаго, а за возврат тие се надевале дека ќе добијат гласови при изборот за домаќин на СП 2022. Но не само што не ги добиле гласовите, 3 години се откри дека парите всушност завршиле на сметката на контроверзниот Ворнер.
Ова не е единствена „донација" од Австралија за која се крена прав во јавноста. Во 2010-та година медиумите открија дека Фудбалската федерација на Австралија им купила бисерни ѓердани на сопругите на членови на извршниот комитет на ФИФА, а исплатила и милионски суми за консултантски услуги на луѓе блиски до челниците на ФИФА.
Ова не е ниту единствен скандал поврзан и со името на Џек Ворнер. Тој во 2011-та година си поднесе оставка од потпретседателската функција во ФИФА откако беше обвинет дека нудел потпуп на членовите на на фудбалската унија на Карибите во замена за глас за претседателскиот кандидат Мохамед Бин Хамам.