10-те септември во Кина е Денот на Учителите, и е денот кога родителите гледаат што е можно повеќе да го размазат учителот на своето дете. Во просек подароците се движат меѓу 30 и 50 долари, и тие најчесто се парфем, козметика, марама, цвеќе и чоколадо.
Овој просек сериозно се зголемува кога ќе се издвојат најбогатите градови и области во земјата, каде учителите добиваат се од Гучи чанти до "црвени пликоа" со суми до 1.600 долари. (Во Кина црвените пликоа се користат за давање пари за време на празници и специјални настани.)
"Јас самата ја ставив целата плата во црвен плик за учителката на ќерка ми. Најголемиот дел од родителите го прават тоа. Ако не ги следиме, сме плашам дека моето дете ќе биде игнорирано," изјавила за Чајна Тајмс една воспитувачка во градинка.
Весникот пишува и за други родители кои веќе имаат "развиено" условен рефлекс за поврзаноста меѓу успехот на нивните деца и подароците.
"Пред да почнам да давам црвени пликоа во градинката, ќерка ми доаѓаше и често се жалеше дека е прегладнета. Сега доаѓа дома и ми вели дека е најадена. Освен тоа, секој пат кога на учителката ќе и дадам подарок, ќерка ми во следните денови добива некаква пофалба. Сега имам условен рефлекс - секој пат кога ќерка ми е критикувана на училиште се прашувам дали е дојдено време повторно да дадам подарок," објаснува еден родител од Шангај.