Поранешниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж и неговиот зет, доскорешниот претседател на бразилската фудбалска федерација, Рикардо Тешеира примиле мито од најмалку 17,8 милиони евра.
Околу 875.000 евра мито примил претседателот на фудбалската конфедерација на Јужна Америка, Николас Леос, а шефот на африканскиот фудбал, Иса Хајату пак бил потпупен со „само" 20.000 евра.
Според списоците кои ги објави „Шпигел", агенцијата ISL за 12 години направила 216 трансакции по целиот свет и им префрлила средства на фондации, компании и официјални лица, за да ги добие телевизиските и маркетинг правата за големите натпреварувања.
Актулениот претседател на ФИФА, Сеп Блатер бил генерален секретар во времето на владеењето на Авеланж, па и тој мора да бил запознаен со овој корупциски скандал.
Што е ISL?
Маркетинг агенцијата International Sport and Leisure – ISL е оформена во седумдесетите години како елитен клуб на богати и влијателни луѓе кои со спонзорски пари го контролираат меѓународниот спорт.
Нивни луѓе биле Жоао Авеланж, Сеп Блатер, претседателот на Меѓународниот олимписки комитер Хуан Антонио Самаранч, претседателот на Меѓународната атлетска федерација Примо Небиоло и многу други.
Агенцијата на своите луѓе им нудела поддршка и лобирање, за потоа да им братат со богати договори за нивните компании специјализирани за продажба на маргетиншки и ТВ права.